Што чита најмоќната жена на светот?

За време на една посета и средба со студентите на колеџот „Тринити“ во Даблин, Ангела Меркел ги споделила своите омилени книжевни дела на кои секогаш се навраќа и постојано учи од нив.

Bundeskanzlerin Angela Merkel / Offizielles Portr‰t 2014

Прво ја спомнала Библијата. Ова и не е за изненадување, имајќи предвид дека нејзиниот татко бил свештеник.

Веднаш по неа доаѓа „Фауст“ на Гете. Таа во едно интервју за „Вол Стрит журнал“ го цитирала ова светско книжевно дело и го сместила во листата на омилени книги. Прекумерниот копнеж за знаење и барање смисла во животот го водат Фауст кон лудило и прави пакт со ѓаволот. За Ангела Меркел, оваа книга е предупредување за човекот за да ја пронајде својата мера и своето место. Многу актуелна порака во доба кога човекот открива нови граници, можности и бара начин да ги надмине.

„Браќа Карамазови“ од Достоевски. Сигмунд Фројд тврди дека ова е најдобриот роман кој некогаш е напишан. Меркел вели дека ова е една од најважните книги во нејзиниот живот и дека едно од најважните прашања во романот е поимот за слобода. Дали слободата е преголем товар за човекот? Инаку, таа одлично владее со рускиот јазик, па ова дело го има прочитано на оригиналниот јазик на кое е напишано.

Како четврта книга на својата листа, таа ја издвоила книгата „Госпоѓа Кири“, која е напишана од Ева Кири. Марија Кири отсекогаш била инспирација за Ангела Меркел. Таа е позната по своите научни достигнувања, двапати ја има добиено Нобеловата награда и умрела како последица на радијација, нешто на коешто таа го има посветено целиот свој живот. Она што е особено инспиративно е приватниот и професионалниот живот кој го воделе Марија и Пјер Кири, подеднакво посветени еден на друг, но и на своите научни достигнувања.

Извор.

 

Leave a comment