Погледнете го автопортретот кој Хорхе Луис Борхес го нацртал откако ослепел!

Хорхе Луис Борхес (1899 – 1986) е еден од најголемите аргентински писатели на сите времиња. Тој ослепел кога имал 55 години. И покрај тоа што тоа било ужасна вест, сепак не било некое големо изненадување. Во една прилика, тој дал изјава за „Њујорк Тајмс“ во која вели: „Знаев дека ќе ослепам, затоа што татко ми, дедо ми и прадедо ми, сите ослепеа во еден период од животот.“

Во годините кои следеле, Борхес никогаш не успеал да ја научи Брајовата азбука и повеќе не можел да чита. Но, тој не се повлекол целосно: продолжил да пишува, бил директор на Националната библиотека на Аргентина, патувал и држел предавања за поезија на Харвард, а се обидел и да му се врати на цртањето.

Денес на блогот имате можност да погледнете еден автопортрет кој Хорхе Луис Борхес го нацртал кога ослепел. Автопортретот го нацртал во подрумот на позната книжарница „Странд“ во Њујорк. Според весникот „Њујорк Тајмс“, тој го нацртал портретот „употребувајќи го едниот прст за да го насочува пенкалото кое го држел со другата рака.“ Откако ја направил скицата, Борхес влегол во главниот дел во книжарницата и започнал да „ја слуша собата, полиците, книгите“ и дал неверојатна забелешка: „Вие имате исто толку книги колку што ние имаме во нашата Национална библиотека.“

„Странд“ е една од легендарните книжарници во Њујорк и ако некогаш имате можност дефинитивно треба да отидете таму. Тие самите се фалат дека се легендарен дом на огромен број нови, стари и ретки изданија. Најверојатно Националната библиотека на Аргентина има нешто повеќе, но зарем тоа навистина е важно?

Подолу погледнете го автопортретот на Хорхе Луис Борхес.

borges-self-portrait-blind-3

 

Извор.

Leave a comment