Во Шведска има пловечка библиотека која им носи книги на жителите од островите

Шведска, како и останатите Скандинавските држави, е меѓу државите кои имаат највисока стапка на писменост во светот. Олеснетиот пристап кон образованието и знаењето за сите е еден од принципите на шведскиот систем, а тоа е клучот за идните успеси на поединците во системот. Ова е вистинит факт без оглед на примањата, па и географската локација.

img_8974

Шведска има таканаречена „пловечка библиотека“ или  „bokbåten“, која им носи илјадници книги на луѓето од околу 23 пооддалечени острови околу Стокхолмскиот архипелаг и тоа го прави двапати годишно. Секоја пролет и есен, почнувајќи од 1953 година, Службата на Стокхолмската библиотека изнајмува еден брод во период од една недела, ја полни со книги и посетува околу 23 населени острови. И Норвешка има таков брод, се вика „Епос“.

Кога бродот ќе се укотви, жителите на островите се качуваат на бродот за да ги вратат книгите кои ги позајмиле за време на претходната посета на бродот и можат да ја разгледаат моменталната понуда. Бродот е полн со околу 3000 книги, а жителите можат и однапред да побараат некоја книга доколку сакаат да бидат сигурни дека бродот ќе ја донесе. Три од четирите волонтери-библиотекари кои се менуваат на секоја тура, велат дека најновите бестселери се најбарани.

Во 2018 година,  една жена по име Марија Андерхаген го презема менаџирањето на овој брод, во најголем дел поради тоа што таа има најголем подрум во градот и има можност да ги складира книгите во периодот помеѓу две тури.

dsc_0810
(Книжевниот брод т.е пловечката библиотека)

Луѓето од порталот „Литерари Хаб“ имаа можност да прошетаат и да го разгледаат и бродот и еве кои се нивните впечатоци:

„Има високи дрвени полици, големи маси на кои се изложени книги со тврди корици, има каталози, долга маса за запишување и има дури и објави за настани залепени за ѕидот. Има сликовници за деца, популарни трилери, големи книги, историски текстови, текстови за наука, плетење и готвење, а има и аудиокниги. Со оглед на тоа дека жителите на островите можат однапред да си нарачуваат изданија, наоколу има кутии со книги кои чекаат да бидат доставени.“

Култура на учење која има неодредена иднина

Освен тоа што има свој книжевен брод, Шведска има и книжевни автобуси, кои им носат книги на луѓето во руралните заедници. Ти исто така развиваат и импровизирани книжарници на места како продавници или места за дружење. Книжевниот брод настанал како сервис за рибарите и работниците на островите, но потоа ја проширил својата дејност за да им биде во служба и на локалните жители кои сакаат да читаат печатени книги наспроти електронски книги и аудиокниги.

dsc_0694

Според едно истражување од 2010 година, „книжевниот брод има позитивна вредност за децата и возрасните, затоа што на овој начин тие можат да бидат дел од модерната јавна библиотека. Книжевниот брод има важна функција како извонредно добри односи со јавност за службата на библиотеката и дополнително го промовира читањето не само на архипелагот, туку општо.“

Но, дури и во нација на вљубеници во читањето, иднината на овој книжевен брод останува неодредена. Андерхаген им кажала на луѓето од „Литерари Хаб“ дека ако Регионалната библиотека реши да го сопре финансирањето на бродот, тогаш пловечката библиотека ќе престане да постои. Таков бил случајот во Финска. За да прослави 200 години од своето постоење, Финска си подари сама на себе нова библиотека, чија изградба и опремување чинеа околу 11 милиони долари. Но, во процесот, тие решија да го укинат финансирањето за книжевниот брод кој постоел околу 30 години.

Сите се надеваат дека пловечката библиотека на Шведска ќе продолжи да постои како прекрасен начин на славење и почитување на старите традиции додека истовремено ги поттикнува луѓето да читаат.

Извор.

Leave a comment