10 заповеди на Бертранд Расел за живеење во здрава демократија!

Бертранд Расел сметал дека историјата на цивилизацијата е обликувана од тажна осцилација меѓу две спротиставени зла: тиранија и анархија, а едната во себе ги носи семињата на другата, и обратно. Според Расел, најдобрата насока за држење настрана од двете, е либерализмот.

Во „Историјата на Западната филозофија“, Расел вели: „Доктрината на либерализмот е обид да се избега од овие бескрајни осцилации. Сржта на либерализмот е обидот да се обезбеди општествен ред кој не се заснова на нерационални догми (што е дел од тиранијата) и да ја поттикне стабилноста (која анархијата ја поткопува) без да вклучува премногу забрани кои се неопходни за зачувување на заедницата.“

russell

Во 1951 година, Расел објавил статија во списанието „Њујорк Тајмс“, насловена како „Најдобриот одговор на фанатизмот е либерализмот“, а како поднаслов на статитијата одела следнава реченица: „Неговата мирна потрага по вистината, сметана за опасна на многу места, ја чува надежта на човештвото.“ Во статијата Расел пишува дека „либерализмот не е толку верување колку состојба на умот. Либерализмот всушност се спротиставува на тоа.“ Тој потоа продолжува:

„Но, либералниот став не вели дека треба да му се спротиставувате на авторитетот. Само вели дека треба да бидете слободни да му се спротиставувате, а тоа е сосема различна работа. Сржта на либералниот светоглед во интелектуалната сфера е верувањето дека непристрасни дискусии се корисна работа и дека луѓето треба да бидат слободни да поставуваат прашања и се сомневаат во сѐ, сѐ додека можат да го поткрепат тоа со цврсти аргументи. Спротивниот светоглед, кој го имаат оние кои не може да се наречат либерали, е дека вистината е веќе позната и дека сомневањето во неа е целосно субверзивно.“

Расел го критикува радикалот кој се залага за промена по секоја цена. Водејќи се според филозофот Џон Лок, кој имал длабоко влијание на авторите на Декларацијата за независност и Уставот на САД, Расел пишува:

„Ако е либерал, учителот кој промовира доктрини кои се спротиставуваат на постоечкиот авторитет не смее да се залага за воспоставување на нов авторитет кој има уште потирански наклонетости. Тој се залага за одредени ограничувања на употребата на авторитетот и тој посакува тие ограничувања да постојат, не само кога авторитетот поддржува верувања со кои тој не се согласува, туку и кога ќе поддржува верување со кое тој целосно се согласува. Јас, верувам во демократија, но не сакам режим кој го прави верувањето во демократија задолжително.“

p05glpgl

Расел ја завршува статијата со тоа што нуди „нови 10 заповеди“, со совети како човек да го живее животот во согласност со либерлизмот. Тој вели:

„Десетте заповеди кои, како учител, би сакал да ги објавам, може да бидат изнесени на следниов начин:

  1. Не бидете апсолутно убедени во ништо.
  2. Немојте да мислите дека вреди да создадете уверување преку криење докази, затоа што доказите сигурно ќе излезат на виделина.
  3. Никогаш не се трудете да обесхрабрите размислување, затоа што сигурно ќе успеете во тоа.
  4. Кога ќе се сретнете со некој со спротивен светоглед, дури и ако е вашиот сопруг или деца, трудете се да го надминете тоа со дискусија и аргументирање, а не од позиција на авторитет, затоа што победата која доаѓа од позиција на авторитет е нереална и е само илузија.
  5. Немајте почит за туѓиот авторитет, затоа што секогаш може да се најдат спротивни авторитети.
  6. Немојте да користите моќ за да ги поттиснете мислењата кои мислите дека се лоши, затоа што ако го направите тоа, мислењата ќе ве поттиснат вас.
  7. Не се плашете да бидете ексцентрични во вашите мислења, затоа што секое мислење кое денес е општоприфатено, некогаш се сметало за ексцентрично.
  8. Наоѓајте повеќе задоволство во интелигентно несогласување отколку во пасивно согласување, затоа што ако навистина ја цените интелигенцијата, како што би требало да ја ценете, тогаш интелигентното несогласување наговестува подлабоко согласување отколку пасивното согласување.
  9. Бидете скрупулозно вистинити, дури и кога вистината е непогодна, затоа што понепогодно кога ќе се обидете да ја скриете.
  10. Не бидете завидни на среќата на оние кои живеат во рајот на будалите, затоа што само будала може да мисли дека тоа е среќа.“

Мудри зборови тогаш. Мудри зборови сега.

Извор. 

Leave a comment