Херман Хесе за несониците…

„Доцна е. Лежиш во кревет и не можеш да заспиеш. Улицата е мирна, одвреме-навреме, ветерот ги поместува дрвјата во градините. Некаде, некое куче лае, а во оддалечената улица поминува автомобил.
….
А сонот го нема.

Не ти помага ни тоа да одиш горе-долу, да станеш и повторно да легнеш. Тоа е еден од оние часови кога нема начин да помогнеш од самиот себеси. Со тебе ќе загосподарат мислите и движењето на душата, а немаш друштво за да си се искажеш. На оној кој е во туѓина, пред очи му излегува куќата и градината во татковината и детството, шумите во кои ги поминал најслободните и најнезаборавните детски денови, собите и скалите на кои се слушаат неговите детски игри. Сликите од родителите, туѓи, сериозни, остарени, со љубов, грижа и тивок прекор во очите. Ја подава раката и залудно очекува некој да му ја подаде својата,  го прекрива голема тага и осаменост; изронуваат и други ликови и во несигурните и сериозни расположенија во овие часови, нѐ прават уште потажни.

Кој во младоста не им задавал грижи на своите најблиски, одбивал љубов и презирал наклонетост, кој барем еднаш од инает не ја избегнал среќата која стоела пред него, кој никогаш не го повредил своето или туѓото достоинство или се огрешил пред пријатели со некој невнимателен збор, со некои грдо или навредливо однесување? Сега сите тие стојат пред тебе, не зборуваат ништо и чудно те гледаат, со мирни очи, а тебе ти е срам и од нив, и од самиот себе.“

~ Херман Хесе, „Уметноста на слободното време“

woman-laying-sick-on-her-bed

Leave a comment