Читањето е најдобра форма за опуштање и бегање од стресното секојдневие!

Досега многупати се пишувало за поволностите од читањето, особено влијанието на книгите врз намалување на стресот, но сега имаме и поцврсти докази за тоа!Според најновите истражувања, читањето е најдобар начин за опуштање и дури со само шест минути читање, можеме да го намалиме нивото на стрес за дури 2/3. И ова функционира подобро и побрзо од други методи за опуштање и смирување нерви како слушање музика, шетање и слично. Психолозите веруваат дека ова се случува затоа што мозокот мора да се концентрира на читањето и самиот момент на одвлекување на нашето внимание со тоа што се пренесуваме во книжевниот свет ја намалува тензијата во мускулите и срцето.

Ова истражување е направено на група волонтери и е спроведено од страна на Универзитетот во Сасекс. Нивото на стрес и срцебиење биле зголемени преку различни тестови и вежби, пред да бидат изложени на неколку традиционални методи за опуштање.

o-INSOMNIA-900

Когнитивниот невропсихолог д-р Дејвид Луис изјавил дека од сите методи, читањето имало најголемо влијание, со намалување на нивото на стрес за цели 68%. Тој открил дека на испитаниците им биле потребни само шест минути минати во тивко читање, за да го забават срцебиењето и да ја намалат згрченоста во мускулите. Всушност, испитаниците на крај имале уште помало ниво на стрес од моментот пред да почнат со вежбите.

Слушањето музика го намалило нивото на стрес за 61%, пиењето чај/кафе за 54%, а прошетката за 42%. Играњето видео игри го намалило стресот за 21%, но сепак не го намалило и смирило срцебиењето.

Д-р Луис кој го спровел тестирањето изјавил: „Да се нурнеш во книга е највисокото ниво на опуштање. Ова е особено важно во овие несигурни економски времиња, кога сите бараме да побегнеме од реалноста. Не е важно каква книга читате, со самото нурнување и внесување во обземувачка книга, можете да избегате од грижите и стресот на секојдневниот свет и да поминете значително време истражувајќи гo досегот на фантазијата на авторот. Ова е повеќе од обично одвлекување на вниманието, се работи за активно вклучување на фантазијата, бидејќи зборовите на печатената страница ја стимулираат креативноста и ве поттикнуваат да влезете во еден вид на променета состојба на свест.“

Истражувањето било нарачано од компанијата „Галакси чокалате“ кои имаат намера да лансираат кампања со која ќе донираат, т.е поделат околу 1 милион книги во текот на следните шест месеци.

Извор.

Leave a comment