Британскиот Совет конечно му се извини на Орвел… 70 години подоцна!

Сигурно сте ја слушнале фразата: „Никогаш не е предоцна да се извиниш.“ Тука се поставува прашањето: Дали е ова точно? Особено ако личноста не е повеќе меѓу живите? Би го прашале Џорџ Орвел дали тоа важи за едно неодамнешно извинување кое го доби, но не е баш достапен за коментар.

orwell2

Во 1946 година, Британскиот Совет го ангажирал Орвел да напише есеј за британската кујна во обид да ја рашири британската култура низ светот. Кога Орвел го нашишал есејот за кој бил платен, организацијата решила да не ја објави публикацијата. Во овој период, Орвел веќе бил познат во книжевниот свет, со оглед на тоа дека една година претходно ја објавил „Животинска фарма.“ За жал, публиката не била нешто многу заинтересирана за кулинарство. Советот го информирал Орвел за нивните грижи и го информирале во писмото во кое му соопштуваат за одбивањето:

„Жал ми е за настанатата ситуација која произлезе од твојот ракопис, која се случи поради сомнежите за тоа како ќе помине оваа болна тема за Храна во овие времиња. Освен една или две миминални критики, мислам дека есејот е одличен, но не би било мудро да се објави за континенталниот читател.“

Иако Советот утнал со пресметките и воопшто не ни требале да го ангажираат човекот, сепак биле доволно доблесни за да објават официјално извинување. Уредникот Аласдаир Доналдсон наведува: „По 70 години, Британскиот Совет е воодушевен да ги помири сметките за превидувањето на можеби најдобриот британски политички писател на 20 век, со тоа што целосно го репродуцираме есејот.“

Есејот вклучува неколку Орвелови рецепти кои можете и вие да ги направите. Но, тоа што бил книжевен гениј не го прави гениј во кујната. Уредникот на Орвел читајќи го есејот, го критикувал за неговиот рецепт за мармалад од портокали: „Многу лош рецепт, премногу вода и шеќер!“. Откако наведува други рецепти како оние за торта од сливи и пудинг, тој продолжува меѓу редови да го критикува британскиот начин на исхрана. Во еден момент, тој наведува: „Британците комбинираат шеќер и месо, на начин кој ретко се гледа на друго место.“

Подолу на сликата можете да го видите неговиот озогласен рецепт за мармалад:

screen-shot-2019-02-07-at-14.56.14

 

Тука можете да го прочитате целосниот есеј, а тука целосното извинување од страна на Британскиот Совет.

Leave a comment