Викендов ќе се разменуваат книги и ќе има книжевни муабети во Скопје!

Како што веќе знаете, ентузијастите од групата „Размена на книги и книжевни муабети“ често организираат различни настани на кои има поетски читања или пак едноставно дружење и размена на книги.

20160120154208-selling-books-market-people-buying-vendor

Па така, сите ентузијасти и љубители на книги кои сакаат да запознаат други љубители на книги со кои би поразговарале на различни теми од областа на книжевноста имаат можност истото да го сторат утрe, од 19:30 – 21:00 часот, во кафулето „Сиеста“  (кај Бикот на ул. Македонија).

Може да дојдете на дружба или пак да понесете со себе книги кои би сакале да ги размените. Има само едно правило при размената: Секој разменува онолку книги колку што донел.

За повеќе информации или за потсетување, следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment