Вечерва, со почеток од 19:30 часот, во книжарницата на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, ќе имате неверојатна можност со пиво и книга да се дружите со ѕвездата на „Забрането пушење“ и „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ.
Воедно, „Литература.мк“ ги поканува сите обожаватели да му поставуваат прашања на Неле онлајн, а тоа може да го направите на официјалниот настан на Фејсбук.

Карајлиќ ќе ги одговори вашите прашања за време на дружбата во „Литература.мк“. По случаен избор, двајца обожаватели што поставиле прашање ќе добијат по еден примерок од неговиот нов роман „Солунска 28“. Добитниците ќе бидат објавени на официјалниот профил на „Литература.мк“
Дополнително, на 12 и 13 септември, со секоја купена книга од Карајлиќ („Фајронт во Сараево“ или „Солунска 28“) во „Литература.мк“ ќе добиете ваучер за пиво – кој може да го искористите за време на Skopje Beer Fest на АРМ стадион. Имено, во рамки на оваа манифестација, на 13 септември (петок), Неле Карајлиќ ќе одржи концерт.
„Солунска 28“, чиј издавач на македонски јазик е Ars Libris, дел од Ars Lamina, беше промовиран во мај оваа година, за време на Саемот на книгата. Романот ја доби престижната српската книжевна награда „Момо Капор“ за 2018 година.
Се гледаме таму!
