Фестивал на европска литература: Европски приказни вредни за раскажување!

Драги љубители на книги, есента е одличен период за читање многу книги, но одлична е и за посетување на различните книжевни настани кои обично се одржуваат во овој период.

Еден од тие настани е „Европски приказни“, фестивал на европска литература кој ќе се одржи во периодот од 25 до 27 септември, во „Јавна соба“. Овој фестивал е посветен на познатата едиција „Европски приказни“ на Издавачкиот центар ТРИ, која донесе вистинска свежина на нашата книжевна сцена и дополнително ја приближи македонската читателска публика кон европските наслови.

Фестивалот нуди гостување на две големи авторски имиња, изложба на дизајнерски решенија на корици, предавања, дискусии и работилници посветени на книжевниот превод.

70703089_10157535107289817_5768634432831356928_o

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на Европската Унија и Министерството за култура, воведува нови практики и поставува повисоки стандарди во издаваштвото во нашата држава, со кои се задоволуваат очекувањата на љубопитната публика и се привлекуваат нови читатели.

Проектот ќе биде заокружен со ТРИ централни фестивалски настани:

– 25.09. (среда), 20 часот – Изложба на сите графички решенија за објавените книги и запознавање со актуелните имиња на уметничко-дизајнерската сцена.

– 26.09. (четврток), 19.30 часот – Гостување на АФОНСО КРУШ и промоција на неговиот роман „Да купиме поет“. Промотори: Владимир Мартиновски, Наташа Сарџоска (преведувач).

– 27.09. (петок), 19.30 часот – Гостување на КАЛИЈА ПАПАДАКИ и промоција на нејзиниот роман „Снегулки“ (добитник на Европската награда за литература). Промотори: Елизабета Баковска, Емилија Мајсторова-Стојановска (преведувач).

Дополнителни настани:

– Работилница за превод и толкување со Наташа Сарџоска, на 26.09.
– Работилница за превод и толкување од француски јазик во соработка со проф. д-р Ирина Бабамова, на 27.09.

Повеќе информации можете да дознаете на официјалниот настан на Фејсбук, како и на официјалната Фејсбук страница на ТРИ.

Leave a comment