Трагедијата на големата љубов на Ана Каренина: Не можеше без него, не умееше со него!

Митот за големата љубов на Ана Каренина и грофот Вронски

Книжевните дела создадоа многу приказни за љубовта, болката, страдањето, борбата. Тие приказни се толку силни што се прераскажуваат од генерација на генерација. Силата на љубовта која одредени писатели ја прикажаа и натаму живее. Една од тие приказни е приказната на Толстој за Ана Каренина и грофот Вронски. Нивната љубов беше толку голема што ги уништи и двајцата. Ги исцеди нивните животни сокови и ги доведе до работ: физички, морален, психички.

Средбата на Ана и Вронски е една од оние судбоносни средби и нивните траги остануваат за цел живот. Ана Каренина и Вронски се запознаваат на железничка станица. Уште од тој момент, Вронски ги забележува нејзините очи кои засекогаш ќе му се врежат во сеќавањето: „Нејзините сјајни, сиви очи, кои делуваа замаглени поради густите трепки, плашливо и прекрасно се задржаа на него, како да го познаваше.“ Тој прв поглед е доволен за сѐ да се помести во Вронски, да го промени од корен.

ana-karenjina-1441867934-67760

Уште од нивната прва средба се наговестува извесен фатализам кој ќе се открие на самиот крај. Нивниот разговор е прекинат од еден немил настан кој всушност ќе биде антиципација на последните случувања во романот. Таа случка ќе го почне маѓепсаниот круг кој ќе заврши онака како што и почнал. Некој човек е прегазен од воз. Ние на основа на тоа воопшто не се ни насетуваме што би можело да се случи. Нам само ни е дадена таа случка како нешто пропратно. Дури подоцна ќе го откриеме значењето на таа случка и така ќе ни се открие големото мајсторство на занаетот на Толстој.

После таа средба, сѐ се менува во животот на несреќната Ана. Таа во младоста се омажила со човек кој е многу постар од неа, никогаш не почувствувала љубов, од онаа неограничена љубов која му дава полет на човечкото срце. Таа се запознава со тоа чувство дури со Вронски и ја држи до самиот трагичен крај. Таа ќе изгори во таа фатална љубов. Ана Каренина не може да им одолее на своите чувства и целосно им се предава. Иако сепак ја гризе совеста поради она што се случило со Вронски затоа што знае дека ги нарушила моралните норми.

Да го напуштила сето она на кое била учена: да го гледа само својот маж и своето дете, да се грижи за домот, семејните вредности да ѝ бидат на прво место. Ана Каренина оди дотаму што останува бремена од својот љубовник. Тоа е врвот на сѐ: има сопруг, а бремена е и носи туѓо дете. Таа му го кажува тоа на Вронски, а тој ја поддржува во сѐ. Инсистира на тоа таа да му каже на сопругот, да се разведе и да се омажи за него.

image

И покрај сѐ, Ана е сѐ поблиску до својата среќа. Човекот кого го сака не ја остава сама, напротив, би направил сѐ за нивната заедничка среќа. Кога нејзиниот сопруг ја дознава вистината, нема тоа да го погоди на начинот на кој би требало да го погоди. Тој ќе размислува само за моралните обѕири и на срамот кој би пукнал кога луѓето би дознале што се случило. Тој не мисли на среќата на Ана, а тоа уште повеќе покажува колку Ана била несреќна во нејзиниот живот со тој ладен човек.

Ана Каренина го остава сопругот и синот и заминува да живее со Вронски. Но, ни тоа не беше доволно за среќа. Таа сега е сама со својот сакан, но тогаш на површина излегуваат други сомнежи. Ана се враќа во Петроград и го моли сопругот за развод. Тој не се согласува на тоа. Не сака да постапи спротивно на христијанските закони. Ана почнува да се чувствува лошо во врска со Вронски. Почнува одвнатре да ја јаде љубомората и стравот дека тој ќе ја напушти. Во нејзината душа расте само една мисла, а тоа е како конечно да се ослободи од сите маки. Според неа, решението за тоа е смртта.

Таа ќе ја најде смртта под возот на станицата. Нејзиното самоубиство е кулминација на сѐ. Сега сѐ е конечно завршено за неа. Оваа сцена е наговестена уште во воведот со приказната на станицата за човекот кој бил удреден од воз. Кругот е затворен.

utu5sqoxpsiq0wledyhdr6l7f2d

Кога на крај завршуваме со романот, во нашите срца расте само едно прашање: Колку е всушност голем гревот на Ана? Сите нејзини постапки беа водени од љубовта, а знаеме дека љубовта е најубавото и најсилно чувство кое владее со универзумот. Таа е оставена на милост и немилост на рамнодушноста на својот сопруг, таа е сама со голема емотивна празнина и таа на крај ја пронаоѓа толку посакуваната љубов токму во Вронски.

Таа конечно сака! Таа љуби со целото свое срце и целата своја душа! Но, таа љубов не е слободна. Таа е заробена во синџирите на општеството, моралот и нарушените семејни вредности. Трагичната судбина на Ана е само патоказ дека не смее да се оди против вистинската љубов, затоа што тоа може да доведе до трагични последици. Со својот трагичен крај, Ана стави точка не само на својот живот, туку и на животот на Вронски, кој беше подготвен на сѐ за нивната љубов. Таа го уништи оној кој највеќе го сакаше. Вронски продолжи да живее, но исто како да не е жив, за него животот без неа е безвреден.

e119j8

Тој се пријави како доброволец и подготвен е да умре во војната, бидејќи нема повеќе причини за живот. Ниту една друга жена не може во него да ги разбуди чувствата кои Ана Каренина ги разбудила, ниту една друга не може да направи да ја засака со љубовта со која ја љубел Ана, љубов која можеше да го помести цел свет. Таа љубов не беше доволна за среќа. Секогаш малку им недостасуваше, а тоа малку не можеа да го добијат. Судбината не беше на нивна страна. Една од најголемите љубови во книжевноста едноставно не можеше да се одржи.

Фатализмот на животот ја покажа сета своја суровост. Не можеа одвоено, но не умееја заедно. Во тоа лежи сета трагедија на нивниот однос. Како и во животот, кога секогаш нешто малку недостасува за среќа, така е и во романот. Сепак, животот е тој кој ја диктира книжевноста, а не книжевноста животот. Силата на љубовта во животот ја дала основата за оваа огромна љубов во романот. Реалноста на животот и фикцијата на романот ни ја дадоа приказната која никого не остава рамнодушен, која и натаму живее и ќе живее сѐ додека во луѓето постои љубовта.

Извор.

 

Leave a comment