Вчера официјално беше отворено петтото издание на Bookstar: Европскиот фестивал на литература, кој веќе петта година по ред го организира издавачката куќа „Антолог“.

Оваа година фестивалот нуди разновидна програма: забави, „афтерворк“ дружби, промоции, работилници и интересни дискусии за различни теми, а како интересна новост се појавува и поткастот со Душко Крстевски и Халдора Тородсен кој има интересно име „Гол ручек in live“. Освен тоа, популарниот рапер Марчело ќе има свое гостување, односно ќе ја претстави својата книга „Малтерлего“, а неговите обожаватели ќе имаат можност да присуствуваат и на работилница со него.
Фестивалот ќе трае до 10 октомври, кога и ќе се додели книжевната награда „Букстар“. На официјалниот настан на Фејсбук можете да ја погледнете деталната програма и да си направите распоред на кој настан ќе одите. 😀
Освен тоа, драги љубители на пишаниот збор, сигурно ќе ве израдува и веста дека во рамките на проектот „United we read!“, за време на Фестивалот „BookStar“ се одржува и Саем на европската литература. Одлична можност да ја збогатите вашата домашна библиотека со книги добитнички на престижната Европска награда за литература и други книги од европски автори. Саемот ќе се одржува до 10 октомври, од 15 до часот, во BookStar фестивалскиот центар, кој се наоѓа во горното фоаје на МКЦ.

Се гледаме таму!
