По одличниот успех на книжарниците на „ТРИ“ во ГТЦ и Дебар Маало, Издавачкиот центар „ТРИ“ реши да се прошири и ја отвора својата трета книжарница. Денес, со почеток од 19 часот, ќе се случи официјалното отворање на новата книжарница која е лоцирана во Трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец.

Како што се наведува на официјалниот настан на Фејсбук:
„Уште една – трета – точка од каде што ќе ја шириме љубовта кон читањето и добрата книга, место каде ќе што ќе се среќаваме за промоции, потпишувања и дружења, место каде што секогаш ќе најдете одличен избор на книги и каде што ќе бидете пречекани со насмевка.“
ТРИ ве покануваат заедно со нив да го прославите отворањето на новиот книжевен простор во градот. Отворањето ќе биде одбележено со попуст за првите купувачи, коктел и дружење со автори на ТРИ.
Честитки од Кафе и книги и ви посакувам уште нови книжарници, нови наслови, настани и многу успеси!
