„Читањето книги е како гледање во слики: без сомневања, без двоумења, без самоувереност, човек мора да најде убавина во она што е убаво.“ – Винсент ван Гог во писмо до неговиот брат Тео, 5 август 1881 година.
Винсент ван Гог читал како што пишувал и сликал: многу и често. Дури и кога бил дете, тој обожавал да чита книги. Овие приказни му помогнале да се открие и развие себеси. Но, какви книги сакал да чита?
Винсент обожавал книжевност. Во суштина, книгите кои ги читал биле одраз на она што се случувало во неговиот живот. Кога сакал да ги следи стапките на татко му и да стане свештеник, тој читал книги со религиозна содржина, а во времињата кога размислувал да се пресели во Париз, тој читал многу книги поврзани со Париз. За време на најголемите тешкотии во животот, книгите биле нешто што му давале мотив да продолжи да се бори.

Што читал Винсент ван Гог?
Тој уживал во директен стил на пишување кој се движел од едноставни акциски приказни и бунтовни ликови до книги за секојдневниот живот и човештвото. Од сите книги кои ги прочитал во животот, ова се четирите кои најмногу влијаеле на него и играле важна улога во неговиот живот.
„Божиќна приказна“ – Чарлс Дикенс
Таткото на Винсент ван Гог бил протестантски свештеник. Тој и неговата сопруга ги воспитувале своите деца да имаат силно чувство за тоа што е правилно, а што е погрешно. Неговите родители го потикнувале да чита за сопствено надоградување и развој. Тој читал моралистички приказни кои често биле одобрувани и сакани помеѓу протестантската заедница: приказни кои ја потенцирале важноста на хуманитарноста и човечноста. Ова се исто така клучни вредности во делата на Дикенс. Низ текот на животот, тој често ги читал и препрочитувал делата на Дикенс.
„Љубов“ – Жил Мишелет
Винсент во оваа книга ја нашол мудроста која можел да ја преточи во својот љубовен живот. Тој ја користел оваа приказна за да ги оправда неговите избори и начинот на кој го водел својот живот: кога се заљубил во неговата братучетка Ки Вос и кога живел заедно со Сиен Хоорник, проститутка. Оваа книга е напишана од француски историчар и се работи за морална лекција за љубовта помеѓу мажот и жената. Винсент ја сфаќал оваа книга како „модерен госпел“ и во неа гледал извор на „практични инструкции“. За него оваа книга била една од најголемите откритија во книжевна форма.

(„Париски романи“, слика на Винсент ван Гог, 1887)
„Ремек-дело“ – Емил Зола
Приказните на Зола биле инспирирани од реалноста. Тој го опишувал животот онаков каков што навистина бил во сиромашните квартови во Париз или во рударските села и сето тоа било преточено во форма на директен натурализам. Исто како и Зола, Винсент сакал да даде искрен опис на светот околу него: работници на фарма, истоштен ситен старец, отфрлени жени или жени-работници, итн. итн. Исто како што Зола „сликал“ со своето пенкало, така и Винсент „пишувал“ со неговата четка.
„Тартерен Тарасконецот“ – Алфонс Доде
Кога Ван Гог живеел на југот во Франција во 1888 година, неговиот вкус за читање не се променил многу освен тоа што сега му биле потребни и малку хумор и сатира. Тој ја читал оваа книга, забавна карикатура на Французин кој живее на југот. Во оваа фарса, Винсент можел да се идентификува со неговиот живот во јужна Франција. Хуморот во оваа книга е она што највеќе го импресионирало. Тој верувал дека малку ведри работи се случувале во неговата ера и дека уметноста е единствено нешто коешто може да даде малку утеха и оддишка.
Освен овие дела кои значително влијание на неговиот живот, ова се книгите кои исто така му биле многу драги и за кои бил исклучително приврзан:
„Библијата“
„Вечерта наспроти св. Агнес“ – Џон Китс
„Сцени од свештеничкиот живот“ – Џорџ Елиот
„Поетските дела на Хенри Ведсворт Лонгфелоу“ – Хенри Ведсворт Лонгфелоу
„Што виде Месечината“ – Ханс Кристијан Андерсен
„Христовата имитација“ – Томас а Кемпис
„Колибата на чичо Том“- Хариет Бичер Стоу
„Шери“ – Едмон де Гонкур
„Клетници“ – Виктор Иго
„Чичко Горио“ – Оноре де Балзак
„Бел Ами“ – Ги де Мопасан
„Госпоѓа Хризантема“ – Пјер Лоти
„Кандид“ – Волтер
„Макбет“ – Вилијам Шекспир
„Кралот Лир“ – Вилијам Шекспир
„Тешки времиња“ – Чарлс Дикенс
„Нана“ – Емил Зола
„Радоста на живеењето“ – Емил Зола
