Македонска поезија: „Песна што треба да ја напишам“ од Гане Тодоровски!

Денес е понеделник, уште една работна недела е пред нас. За да го разубавиме овој понеделник, денес читаме македонска поезија, а изборот падна на една прекрасна песна од Гане Тодоровски.

ПЕСНА ШТО ТРЕБА ДА ЈА НАПИШАМ – ГАНЕ ТОДОРОВСКИ
ДЕЛ ВТОР

Ако си тргнал да стануваш поет,
бездруго треба да ги знаеш сите зла по име
и доброто да не ти биде заматен поим –

Ако си тргнал да стануваш поет
затри го во себе трчилажот панаѓурски
што голта зборови место оган –

Ако си тргнал да стануваш поет,
раскажи им на луѓето
колкумина денеска со политика наместо со мотика
си градат имоти и среќа –

Ако си тргнал да стануваш поет,
раскажи им на луѓето
колкумина денеска со шепот место со пот
успеваат во животот –

Ако си тргнал да стануваш поет,
научи се да не премолчуваш.

Black-and-Blue

Leave a comment