Недела на страшно добри книги во ТРИ!

Доколку сте љубители на возбудливи и мистериозни трилери или страшни и непредвидливи книги, тогаш сигурно ќе ви се допадне овонеделната книжевна акција на ТРИ насловена како „Недела на страшно добри книги во ТРИ“.

Во периодот од 28.10. до 03.11., во книжарниците на ТРИ имате можност да си ја збогатите домашната библиотека со интересни трилери, фантастични романи, хорор приказни и крими-романи.

73001909_10157652575714817_5135101665472413696_o

20 популарни книги имаат специјална цена, меѓу кои се и книги на популарните Ју Несбе, Џон Гришам, Нил Гејман, Патрик Зискинд, Џејмс Патерсон, Давид Лагеркранц и други. На овој линк можете да ја погледнете целосната листа со наслови кои оваа недела се на попуст. Покрај тоа, од ТРИ најавуваат и два нови трилера!

Направете си листа со посакувани книги и не пропуштајте ја оваа можност на ТРИ!

Leave a comment