Македонска поезија: „Тишина“ од Блаже Конески!

Тишината е една од најпотценетите нешта. Тишината е прекрасна и може да зборува поубаво и помоќно од милион изговорени зборови. Во чест на тишината, денес читаме една прекрасна македонска песна токму на таа тематика.

Тишина – Блаже Конески 

Има нешто многу просто
И тоа е тишина,
Има нешто толку тихо —
Вишина, ах вишина.

Легни спрема ова небо,
Тони во височини,
Склопи очи, склопи очи,
Уморен си, почини.

Сека птица, сека птица
Ќе го свие крилото.
Ти си сега толку мирен,
Сам во зеленилото.

Зошто уште, зошто тоа
Секидневно збивање?
Има нешто многу просто —
Тоа е заспивање.

web3-woman-alone-solitude-mountains-lake-sunset-silence-shutterstock

Leave a comment