Денес започнува Ноемвриски саем во „Култура“!

Есента е едно од поубавите времиња за читање, па така, човек мора да си обезбеди доволно наслови за читање. Доколку ви е потребно освежување на домашната библиотека, следниот период упатете се во книжарницата „Култура“.

Од денес, сѐ до 16 ноември ќе трае Ноемврискиот саем во „Култура“. Како што може да се види на нивната официјална Фејсбук страница, љубителите на книги ќе имаат можност да ги набават изданијата на „Култура“ по одлични цени, а најавуваат и нови наслови и средби со писатели.

Освен тоа, во овој период, книжарницата ќе има продолжено работно време и за време на викендот.

74430029_3044241805614708_9015056424962621440_o

На овој линк можете и да го погледнете каталогот на Култура.

За повеќе информации погледнете го и официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment