Македонска поезија: „Илузија“ од Ацо Шопов!

Денес е петок, можеби и најомилениот ден на сите луѓе, бидејќи се означува почетокот на викендот! Петок е убав ден, па затоа и денес споделуваме убава македонска поезија од Ацо Шопов!

Илузија – Ацо Шопов

Ноќ. Во ноќта крлушки месечина.
Слева од планината безгласна далечина.

Сам во ноќта стасав до планината.
Еден свет е зад мене, една мака мината.

Глеј нешто во ветките шепоти притаено:
Сè што си присакувал сè е осознаено.

И овде, под планина, во оваа низина
дише далечината со дофатна близина.

Миг… и сè исчезнува. Сон и пат. Далечина.
Сам сум. Над врвицата крлушки месечина.

pexels-photo-580631

2 comments

  1. Дали ја имате Цвеќињата на злото од Бодлер? Ако ја имате, чиј е преводот?
    Зора Русомарова

    Like

Leave a comment