Секогаш е убаво кога се одбележува успех или некој убав настан, а овој месец, издавачкиот центар „ТРИ“ има навистина голема причина за славање, бидејќи токму во ноември слави 20 години постоење на издавачката сцена.
Почнувајќи со првата издадена книга пред 20 години, ТРИ денес брои над 1 000 објавени книги од 650 автори и повеќе од 1 000 000 отпечатени примероци!

Како што е наведуваат на нивната официјална Фејсбук страница: „Имаме многу причини за задоволство и уште повеќе за прослава – големото семејство на автори, огромниот број читатели што постојано нè следат и поддржуваат, книжарниците преку кои постојано ја шириме љубовта кон книгите и читањето. ТРИ го гради својот свет на буквите полека и трпеливо, и со многу љубов. И по дваесет години љубовта кон книгите, љубовта на прва страница е дел од секој отпечатен збор, од секоја објавена книга.“
Во чест на овој навистина импресивен јубилеј, во следните 30 дена ТРИ има за цел да претстави неколку големи новини, да ги направи книгите уште подостапни и ќе организираат многу настани.
Јубилејниот месец во книжарниците на ТРИ почнува од денес, со попуст на сите наши изданија. Тука можете да го погледнете каталогот, а тука прочитајте повеќе за јубилејот на ТРИ, преку страницата создадена токму во чест на изминатите 20 години и работата на ТРИ.
Среќен роденден ТРИ! Кафе и книги ви посакува уште многу успешни години и уште многу издадени книги!
