Јосип Коцев е добитник на наградата „Бели мугри“ за 2019 година!

Јосип Коцев во последните неколку години е еден од најистакнатите македонски поети кој со својот посебен стил и уникатност стекна многу читатели и почитувачи на неговите стихови кои често се споделуваат.

Токму затоа и за поздравување е информацијата дека Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, оваа година наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35-годишна возраст реши да му ја додели токму нему за поетскиот ракопис „Музеј на чувствата“.

kgn-img-485994

Книгата свечено ќе биде промовирана на 20 декември во 19 часот на  традиционалната годишна манифестација „Денови“ кој воедно е посветена на раѓањето на поетот Кочо Рацин.

Добитникот на наградата е избран од комисијата составена од: Славчо Ковилоски (претседател) и членовите Васил Тоциновски и Јованка Христовска.

Уметникот Дарко Алексовски ќе биде задолжен за графичкото решение за корицата на наградената книга.

Јосип Коцев досега ги има издадено стихозбирките: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018).

Искрени честитки!

Извор.

Leave a comment