Фестивал на чај и книга во „Веро центар“!

И покрај тоа што блогот се вика „Кафе и книги“, сепак покрај кафе, понекогаш и чајот навистина одлично оди со книга, особено во овие студени денови кои веќе сериозно го фатија во својот замав.

Па така, доколку сте расположени за оваа комбинација, ви препорачувам во следните неколку денови да го посетите „Веро центар“, каде до 9 декември ќе се случува „Фестивал на чај и книга“.

74235560_2753852264666548_1213691245986054144_o

Љубителите на книги ќе имаат можност да си ја збогатат домашната библиотека со нови наслови од неколку наши издавачки куќи („ТРИ“, „Арс ламина“, „Култура“, „Просветно дело“ и „Ѓурѓа“) додека истовремено пробуваат различни типови на чаеви!

Покрај тоа, на 7 декември во периодот од 12:00 – 14:00 часот, ќе има и интересна програма и катчиња. За повеќе информации околу настанот, посетете го официјалниот настан на Фејсбук.

Се гледаме таму!

Leave a comment