Македонска поезија: „Ноќен извор“ од Ацо Шопов!

Денес е петок, последниот работен ден кој сите го чекаме со нетрпение за да можеме да уживаме во викендот. За убав петок и убав викенд, денес на блогот читаме македонска поезија, а изборот падна на една многу убава песна од Ацо Шопов!

Ноќен извор – Ацо Шопов

Загледан
во ноќен извор
како во урочен лик,
што најде
што откри,
какви огнови стопи,
па не чу
како паѓа птицата
од сопствен крик
или од темјан на вода
смртно што ја опи.

Загледан
во тоа огледало
срцето што ти го скова
во какви длабини слезе,
од која вода се напи,
дали те зароби звукот
на магија нова,
во мртво море
од камен луд ли стапи,

па сега
во ноќен извор
како во своја слика
го бараш
оној летач
сурово што ќе ти суди.

И нити гледаш нешто
ни слушаш
како те вика
славејот
во крвта твоја
пеколот што го буди.

27713000918_59364f1d44_o

Leave a comment