Во сабота ќе се случи промоцијата на „Сакам значи постојам“ на Ана Јовковска!

Ана Јовковска навистина успешно се проби на македонската книжевна сцена со нејзините книги „Пулсот и времето“  и „Ехо на слободата“ и има голем број на луѓе кои ги сакаат нејзините зборови и начин на пишување, но и размислување. Ана Јовковска одамна ѝ е позната на македонскат јавност преку нејзините телевизиски проекти, но е успешна и во книжевните води.

Сега, таа има и уште една, ТРЕТА, книга насловена како „Сакам значи постојам“ која ќе биде промовирана во сабота (20.12) во 12 часот, во книжарницата на „ТРИ“ во ГТЦ.

79481963_10157805778799817_6831508482038956032_o

Според наведеното на официјалниот настан на Фејсбук, „Сакам значи постојам“ е духовно патување од и кон себеси. Книга за потребата овој комплициран свет да се спаси со љубов и добрина. Качи се на тркалото на животот!

Доколку се прашувате кој е рецептот на Ана, еве што велат во најавата за промоцијата:

„500 грама книжевно печиво,
400 грама животно искуство,
300 страници натопени во мастилото на љубовта,
200 грама зачин на животот,
100 грама оригиналност. “

 

За повеќе информации следете го официјалниот настан на Фејсбук.

Leave a comment