Мал новогодишен саем на книга во Младински културен центар!

Драги љубители на книги, се ближи крајот на 2019 година и сѐ повеќе размислуваме за тоа што ќе правиме, кои се нашите новогодишни одлуки и слично. Крајот на годината е одлично време и да се посетуваат книжевни настани, а еден од тие кои се одржува неделава е Новогодишниот сам на книга кој до 28 декеври ќе се одржува во Горното фоаје во Младинскиот културен центар.

80758609_2436448963120112_5271909357536149504_o
(Сликата е преземена од официјалниот настан на Фејсбук)

На овој Новогодишен саем имате можност да се подновите со одлични наслови од издавачките куќи: „Темплум“, „Готен“, „Бегемот“, „Блесок“, „Бункер“, „Чудна Шума“, „Или-Или“ и „Артконект“.

Како што е наведено на официјалниот настан на Фејсбук, за овој саем е подготвен широк избор за љубителите на квалитетна книжевност: од домашни до светски автори; од белетристика до стрипови; од детска книжевност до теорија.

Освен книги, во рамките на Саемот ќе се организираат и промоции, гледање филмови, работилници, дружења.

Следете ги новостите на официјалниот настан на Фејсбук.

Тука можете да ја погледнете и програмата.

Leave a comment