Како добрите книги нѐ обликуваат и без да бидеме свесни за тоа?

„Не ги помнам книгите што сум ги прочитал, како и оброците кои сум ги изел, но и покрај тоа, тие ме создадоа мене.“ – Ралф Валдо Емерсон 

Книгите ја имаат таа магична моќ да ни го променат животот, да го променат нашиот светоглед, дури и кога немаме намера за тоа, дури и најчесто е несвесно, наспроти нашата волја. Често размислувам на оваа тема и сосема случајно налетав на еден многу интересен текст на Роберт Фулфорд за „Нешнл Пост“ токму на оваа тема, за која тој пишува вметнувајќи и сопствени примери за книги кои влијаеле на него. Решив да го споделам тој текст со вас, па во продолжение можете да го прочитате целосниот текст на македонски јазик, а најдолу има линк до оригиналниот извор.

photo-1489809415321-e23671dcbc81

Британскиот писател Франсис Спуфорд во еден есеј напишал дека: „Книгата е одличен ослободител од тиранијата на дадените околности“. Ослободеноста од чувствувањето и размислувањето се чести појави како резултат на читањето, иако овој процес понекогаш се случува кога не сме свесни за тоа и многу често се случува да ја спознаеме оваа моќ многу години подоцна.

Недоволно ги цениме случајните ефекти на романите и приказните. Повеќето од нас читаат романи од задоволство, а не за да научиме нешто, но најдобрите приказни имаат начин како да нѐ научат на многу работи и да ни дадат инструкции за многу работи. Тие зад себе ни оставаат различни перцепции кои ни го збогатуваат животот. Џорџ Елиот во „Мидлмарч“ го доловува интензитетот на животот во малечок град на начин кој и ден денес делува многу реалистичен, иако го напишала овој роман во 1870 година. Во „Големите очекувања“, Дикенс го опишува, меѓу останатите работи, болното искуство на надраснување и збогување со саканите пријатели од младоста.

Чувствителниот автор понекогаш ни ги покажува внатрешните животи на луѓето кои драстично се разликуваат од нас. Ако сме млади, писателите ни ги покажуваат мислите на младите. Ако ние сме стари, тие го прават сосема спротивното. Тие им кажуваат на мажите работи за жените и обратно. Не можете да прочитате многу приказни на Алис Мунро без да развиете сочувство за многу од прашањата и проблемите со кои жените се соочуваат. Фикцијата, во своите најдобри моменти, ја проширува нашата морална фантазија.

people-who-read-books-are-more-friendly-empathetic

Мави Галан, која работела во Париз во поголемиот дел од нејзиниот возрасен живот, ја изразувала есенцијата на мултикултурализмот многу порано пред нејзините сограѓани од Канада воопшто да се запознаат со тој збор, а не пак да го прифатат како нивна официјална државна политика. Во нејзините приказни, кои прво биле објавени во „Њујоркер“, а подоцна и во книги, Галан се справува со спротиставените вредности и перцепции на различни луѓе од различни делови од светот. Нејзините прекрасно напишани и крајно сочувствителни наративи ни раскажуваат за тоа како е да се чувствуваш како странец, тема која е неверојатно важна во време на масовна миграција низ светот.

Во 80-тите години на 20 век, додека патував со воз низ неколку јапонски градови, ја прочитав книгата „Сестрите Макиока“, прекрасна семејна сага од Јуничиро Таницаки (1886 – 1965). Напишана во 40-тите години на 20 век, овој роман раскажува за ова семејство во периодот од 1936 до 1941 година. Драмата се фокусира на тешкотиите на семејството да најдат сопруг за третата сестра, Јукико. Првата и втората сестра се омажени, но според обичаите, четвртата не може да се омажи додека третата не стапи во брак.

Порано едно од најбогатите семејства во Осака, ова семејство гледа како нивното богатство пропаѓа. Гордоста ги спречила да прифатат неколку предлози за брак за Јукико, но потоа почнале да пристигнуваат сѐ помалку предлози. Јукико, која има 30 години, сега е без сопруг. Дискусиите на семејството со нивниот професионален посредник, се длабоко тешки, но одлично и глатко прикажани на англиски јазик благодарение на преведувачот Едвард Сејденстикер.

model-reading-women-railway-wallpaper-preview

Издавањето на книгата започнало во 1943 година, во турбулентните времиња на Втората Светска војна. Кога Танизаки започнал да го објавува романот како серијал, владините цензури го забраниле романот. Тие рекле дека овој роман го опишува „најважното нешто од кое најмногу треба да се браниме во ова време на воена итност: меките, женствени и неверојатно индивидуални животи на жените.“

Но, секако, тоа е една од квалитетите кои најмногу ми се допаднаа и сѐ уште се сеќавам на нив. Она за кое бев најблагодарен на Таницаки беше неговиот нежен тон, неговиот чувствителен опис на приватниот живот на мажите и жените, откривајќи ги нивните амбиции, љубомора, семејни работи. Шетајќи низ јапонските градови токму во тој месец, гледајќи во луѓето, се фатив себеси како се синхронизирам со нив, или барем повеќе отколку кога не би ја имал прочитано книгата.

Неодамна го прочитав биографскиот роман за Хенри Џејмс, „Господарот“ на Колм Тоибин, објавен во 2004 година. Овој роман ги опфаќа четирите години во животот на Џејмс, со многу навраќања наназад. Во опишувањето на тоа како ги пишувал неговите книги, романот длабоко навлегува во неговото чувство за морал.

Писмата покажуваат дека Џејмс се грижел за тоа колку многу материјал имал право да позајми од животот и се прашувал до каде може да оди, а да не ја премине границата. Тоибин, кој исто така пишува фикција инспирирана од животот околу него, ни дозволува да ја видиме оваа внатрешна борба која е производ на тоа чувство и го внесува читателот во уверлива верзија на умот на Џејмс. И Тоибин дури и дискретно навлегува, како и самиот Џејмс, во неговата љубов која тој ја чувствувал за згоден млад дечко. Џејмс се појавува како човек полн со копнежи кој среќно ја открил утешителната моќ на пишувањето.

Од овој роман можеме да го почувствуваме 19 век, како што го живееле неговите најзборливи жители. Богатата интуиција и длабокото истражување на Тоибин му го дава тоа знаење, кое потоа тој го предава на неговите благородни читатели, без оглед на тоа дали тие веднаш го забележуваат тоа. Тоа е она што најдобрите писатели најчесто го прават.

Извор.

 

Leave a comment