Шест причини поради кои треба да ја посетите оваа прекрасна библиотека!

Ако „книгите се уникатна пренослива магија“, како што вели Стивен Кинг, тогаш библиотеките сигурно се едни од најмагичните места на земјата (а библиотекар(к)ите мора да се магионичари). Бодлеанската библиотека во рамките на Универзитетот Оксфорд сигурно изгледа како да е магично место. Оваа историска институција за сите љубители на книги треба да биде на списокот на места кои мораат да се посетат. Ако не сте слушнале за неа, еве неколку причини зошто треба да ја посетите ако некогаш ви се укаже шанса.

jm2ivvcc9okuq7azmnlrar6t8duli1vnampg9ejgdca

Оваа библиотека содржи над 11 милиони печатени изданија

Бодлеанската библиотека има неверојатна армија од томови. Помеѓу овие 11 милиони парчиња кои можете да ги разгледате, се наоѓа и редок примерок од првата колекција драми на Шекспир (неврзана и нереставрирана), заедно со најголемата колекција од 1500 непечатени книги (се мисли на книги пишувани со мастило).

Еве како изгледа однадвор

bodleian-library-1024x683-1

Каква прекрасна глетка! Оваа слика е од т.н „Собата Редклиф“, која служи како соба за читање во рамки на библиотеката. Да, библиотеката е толку огромна, што вакви прекрасни архитектонски зданија се користат како „соба“.

Има неверојатно долга и прекрасна историја

Иако Бодлеанската библиотека официјално била отворена за студенти и истражувачи во 17 век, таа започнала да се создава уште од времето на бискупот Томас Кобхам во 1320 година. Во тоа време, сите книги биле врзани со синџири за ѕидот, за да не можат да бидат украдени. Со великодушни донации, библиотеката била реновирана и на 8 ноември 1602 година била одново отворена носејќи го името кое го има и денес.

Некои од вашите омилени магионичари од големото платно поминуваат време токму во оваа библиотека

half-blood-prince-hq-stills-harry-potter-7029523-2100-1400

Библиотеката на војводата Хамфри, најстарата соба за читање во рамките на оваа библиотека, е местото каде што се снимале сцените од библиотеката Хогвартс во филмот „Хари Потер“. Меѓу другите филмови во кои се појавува оваа библиотека се „Златниот компас“ и „Лудилото на кралот Џорџ III“.

Има многу сладок прекар

Доволно е да ја наречете „Бодли“ или „Бод“ и веднаш ќе се вклопите со останатите студени на Оксфорд.

Оскар Вајлд, К.С.Луис и Џ.Р.Р.Толкин се само дел од легендарните умови кои ја пребарувале оваа библиотека

Некои од најголемите умови наоѓале инспирација токму тука. Вклучувајќи и ги гореспоменатите писатели, пет кралеви, 40 добитници на Нобелова награда и 26 премиери, сите тие учеле во оваа библиотека.

Извор.

 

 

Leave a comment