Пред неколку години, директорот на еден музеј во Фултон, Мисури, открил необјавен есеј на Винстон Черчил. Есејот кој ја истражува природата на универзумот и можноста за животот на други планети најпрво бил анализиран во журналот „Природа“ (Nature, м.з).
Долгогодишната љубов на Черчил кон науката била очигледна и во неговиот личен живот, но и во неговата политичка кариера. Тој бил неверојатно љубопитен човек, постојано се среќавал со истражувачи и го поддржувал развојот на технологиите како што бил радарот, а потоа се потпирал и на експертизата на физичарот Фредерик Линдерман, кој благодарение на Черчил бил првиот советник за наука на премиерот во Велика Британија.
Есејот „Дали сме сами во Универзумот?“ бил првично напишан во 1939 година и има 11 страни, многу набргу по озогласената радио-драма „Војна на световите“ на Орсон Велс, која ја започнала таканаречената „Марсовска треска“. Астрофизичарот Марио Ливио, авторот на статијата објавена во журналот „Природа“, претпоставува дека сосема е возможно Черчил да имал намера да го објави овој есеј во весникот „Вести од светот“.

Но, Англија ѝ објавила војна на Германија и есејот исчезнал. Черчил подоцна оставил изменета верзија кај својот издавач Емери Ривс, но од непознати причини, ова дело никогаш не ја здогледало светлината на денот. По смртта на Ривс, ракописот бил дониран на „Државниот Черчилов музеј на САД“ во Фултон. Таму седел сѐ до 2016 година, кога новиот директор Тимоти Рајли го открил во архивата.
Есејот е класика Черчил: експанзивен, аргументиран, филозофски и само малку кенкав. Начинот на кој Черчил ги изнесува аргументите „за“ и „против“ постоењето на живот надвор од планетата Земја го покажува неговото импресивно познавање на науката во тоа време и на моменти речиси и делува како да е видовит.
Тој објаснува како водата е неопходна за живот и зборува за веројатноста да се пронајде вода, кислород и безбедни температури надвор од нашата планета. Тој ја зема предвид можноста за постоење на светови и надвор од нашиот досег и вели: „Јас не сум доволно претенциозен да мислам дека моето сонце е единственото кое има фамилија од планети“ и дека тие други светови можеби навистина имаат потреба од придружни организми.
Тој напишал дека патувањето во рамките на нашиот соларен систем би можел еден ден да биде возможен, „дури и во не толку далечна иднина“, но признава дека е многу тешко да се оди подалеку од тоа. Но, дури и ако не отидеме на далечните планети, тој вели дека треба да размислиме за можноста дека тие планети имаат свои жители и дека тие жители е сосема возможно да се подобри од нас.
Черчил напишал: „Јас не сум нешто премногу импресиониран од успехот кој нашата цивилизација го постигнува тука за да бидам подготвен да мислам дека ние сме единствена точка во овој огромен универзум која содржи живи и мислечки суштества или дека ние сме највисоката форма на ментален и физички развој кој некогаш се појавил во овој огромен простор и време.“
