Чудни, необични и малку познати факти за Ернест Хемингвеј…

Ернест Хемингвеј без никакво сомневање е еден од најголемите писатели на 20 век, а фактот и дека е добитник на Нобеловата награда за книжевност е само уште една потврда за неговата големина. „Старецот и морето“, „Подвижна гозба“, „Збогум на оружјето“, „И сонцето изгрева“, „За кого бијат камбаните“, се само дел од огромното творештво на Хемингвеј. чија искреност и магија помеѓу редовите тешко можат да се оспорат.

Освен тоа, тој бил и навистина интересен лик и водел интересен живот и покрај фактот што долго се борел со депресија и алкохолизам. Денес на блогот можете да прочитате интересни и необични факти за Хемингвеј, кои не се многу познати и кои ќе ви помогнат да го запознаете овој писател во малку поинакво светло.

hemingway-e1568254410986

Гертруда Стејн била кума на Џек, синот на Ернест Хемингвеј

Гертруда Стејн, познатата американска модернистичка писателка се преселила во Париз во 1903 година и била домаќинка на многу забави на кои присуствувале најпознатите уметници од тоа време. Меѓу нив биле и Пабло Пикасо, Езра Паунд, Ф. Скот Фицџералд и младиот Ернест Хемингвеј. Стејн станала кума на првиот син на Хемингвеј, Џек, во 1923 година.

Братот на Хемингвеј основал микронација

На брегот на Јамајка, Лестер Хемингвеј ја основал Република Нова Атландида, микронација која имала свои пари, поштенски број и устав. За жал, оваа нација траела само две години и на крај била уништена од тропска бура.

Постојат 38 алтернативни краеви на „Збогум на оружјето“

Крајот кој успеал да ги преживее промените на Хемингвеј е полн со трагедија. Девојката на Фредерик умира на пораѓање, а тој нема друг избор освен да живее со загубата. Во едно интервју, новинарот го запрашал: „Дали имаше некакви технички проблеми? Што е она што те заглави?“ Хемингвеј одговорил: „Пронаоѓањето на вистинските зборови.“

Хемингвеј има посветено книги на секоја од неговите четири жени

Секојпат кога ќе се разведел, Хемингвеј повторно се преженувал и тоа за помалку од една година. Сепак, тој секогаш оставал некакво парче спомен од бракот и тоа го правел на хартија. Посветата на „И сонцето изгрева“ била за неговата прва жена, Елизабет Хадли Ричардсон; „Попладневна смрт“ била посветена на неговата втора жена Паулин Фајфер; „За кого бијат камбаните“ била посветена на Марта Гелхорн, неговата трета жена и „Преку реката и во дрвјата“ била „на Мери, со љубов“.

Тој си водел сметка за тоа колку зборови пишува на денот и тоа го правел на парче од картонска кутија

Во едно интервју со американскиот новинар Џорџ Плимптон за „Париз Ревју“, Хемингвеј открил дека претпочита да води сметка за својот дневен прогрес во една голема табела на картонска кутија, за да „не се зафркава и залажува себеси“. Плимптон објаснил дека бројките во табелата биле уредно внесувани на дневна основа, на пример: 450, 474, 362 и 1250. Во деновите кога бил исклучтелно ефикасен, Хемингвеј се терал уште понапорно да пишува за да нема грижа на совест ако отиде на рибарење следниот ден.

Ernest Hemingway

Во една прилика, успеал да го увери и смири Фицџералд во поглед на неговите сомневања за сопствената „машкост“

„Подвижна гозба“ е запис на Хемингвеј за неговиот живот во Париз и во оваа книга тој открива една многу невообичаена случка со Ф. Скот Фицџералд. Тие седеле заедно во еден популарен ресторан во Париз и Фицџералд му се пожалил дека неговата сопруга Зелда ја исмевала неговата машкост со тоа што тврдела дека тој не би можел да задоволи љубовница. Хемингвеј му предложил да види самиот и да оцени дали таа ја зборува вистината.  Тие отишле во тоалетот и откако Хемингвеј го видел неговиот пенис, му рекол на Фицџералд дека сѐ е во ред со неговата големина и дека ако сѐ уште има сомнежи треба да отиде во музејот во Лувр и да погледне во голите статуи како потврда за тоа.

Во подоцнежните години од животот, тој станал параноичен дека ФБИ го следи

А. Е. Хочнер, кој бил личен пријател и негов биограф, во 2011 година напишал статија за „Њујорк тајмс“, во која пишувал за зголемената нервоза на Хемингвеј во врска со непотврдените стравови. За да може да ја излечи својата огромна параноја, неговиот лекар во неколку наврати му препорачал електротерапија, но без успех. Хочнер при раскажување на случките за време на неговиот 60-роденден, цитирал што кажал Хемингвеј: „Ова е најлошиот пекол. Најпроклетиот пекол. Тие прислушкуваат сѐ. Затоа го користиме автомобилот на Дјук. Мојот е озвучен. Сѐ е озвучено. Не можам да го користам телефонот. Поштата ми ја прегледуваат.“

Многу години подоцна, ФБИ јавно го објавиле досието на Хемингвеј, поради барање врз основа на „Законот за слободен пристап до информации“ и конечно било откриено дека писателот навистина бил детално следен од страна на ФБИ, по наредба на Џ. Едгар Хувер.

ФБИ имале причина да го следат, со оглед на тоа дека бил и агент на КГБ (иако не го бивало баш многу)

ФБИ имале причина да се сомневаат во неговата лојалност кон САД. Неговата поврзаност со КГБ му донела сомнителна репутација и тоа придонело да биде ставен на листата за набљудување. Според „Гардијан“, одредени белешки од архивите од разузнавањето од ерата на Сталин, можат да бидат земени како доказ кој укажува на улогата на Хемингвеј како „Агент Арго“ во 1941 година.

Пред да отиде на патување во Кина, Хемингвеј своеволно се согласил да биде агент на КГБ. Иако „неколкупати ја изразил неговата желба и подготвеност да им помогне“, излегло дека не го бивало баш за шпионирање. Тој не им дал никакви корисни политички информации, па така контактот со „Агентот Арго“ сосема замрел некаде при крајот на декадата. Па така, не можеме да бидеме сигурни дали ја прифатил работата чисто на шега или едноставно не бил добар шпион.

ernest-hemingway

Тој бил обвинет (и ослободен од вина) за воени злосторства

Ова се случило по „Денот Д“ на 6 јуни 1944 година, кога Хемингвеј (кој бил цивил), кому не било дозволено да се истовари на плажата во Омаха, предводел банда со борци од Отпорот во едно мало француско гратче. Тие биле на мисија за да соберат информации. Проблемот бил во тоа што според Женевската конвенција, воените дописници не смеат да водат вооружени трупи. Главниот инспектор на Третата армија го обвинил Хемингвеј за сериозни прекршоци, вклучувајќи го обвинението дека кинел делови од облеката кои го идентификувале како новинар, криење оружја во неговата хотелска соба и раководењето со фракција на оперативци од Отпорот. На крајот бил ослободен од обвиненијата.

Хемингвеј до крај тврдел дека тој не правел ништо посебно и дека служел само како советник. Во 1951 година, за „Њујорк тајмс“ напишал: „Имав одредено знаење за герилското војување и невообичаени тактики, како и служење во поформална војна и едноставно бев среќен што можам да работам и да бидам корисен на секој кој би ми дал да правам работи во рамките на мојот капацитет.“

Тој бил награден со италијанскиот Сребрен медал на честа и Бронзената ѕвезда

Хемингвеј бил возач на амбулантско возило во Италија за време на Првата Светска војна и на 8 јули 1918 година, тој бил тешко повреден во престрелка, но сепак успеал да им помогне на италијанските војници да стигнат на безбедно место. Ова му го донело италијанскиот Сребрен медал на честа. Оваа чест му била укажана речиси 30 години подоцна, кога властите во САД одлучиле да го наградат со медалот Бронзена ѕвезда за покажаната храброст додека го покривал Европскиот театар за време на Втората Светска војна. Неговите статии биле објавувани во „Колер“ и други списанија.

IH156224

Тој доживеал неверојатна  загуба во Париз

Во декември 1922 година, Елизабет Хадли Ричардсон, неговата сопруга во тоа време, оставила куфер полн со сите негови ракописи кои ги пишувал во тоа време и ги оставила на железничката станица и отишла да купи вода за патувањето. Кога се вратила, куферот го немало. Ова значело дека тој морал да почне одново да пишува сѐ.

Едно од најдобрите дела на Хемингвај произлегле од фактот дека оставил багаж во хотелот „Риц“ во Париз

„Подвижна гозба“ е едно од најдобрите дела на Хемингвеј, дело кое го напишал во подоцнежните години од животот (а објавено е постхумно). Тој решил да го напише овој мемоар откако во 1956 година бил во хотелот „Риц“ во Париз и вработените го потсетиле дека тој во 1930 година, во подрумот на хотелот оставил ковчег со лични работи и дека тие сѐ уште го чуваат тој ковчег (кој Луј Витон специјално го направил него). Кога го отворил ковчегот, тој одново открил лични писма, менија, облека и еден куп тетратки кои подоцна станале основа за неговиот мемоар за младоста во Париз.

Тој преживеал многу болести, две последователни авионски несреќи, но не можел да се спаси од самиот себеси

Во 1954 година, на летот од Нароби до Конго, авионот на Хемингвеј и неговата четврта жена, Мери, која била дописник за „Тајм“ и „Лајф“, се удрил во бандера. Неговата сопруга се здобила со две скршени ребра, а Хемингвеј лошо го повредил рамото. Со надеж дека ќе најдат медицинска помош во Ентебе, тие следниот ден се качиле во друг авион. За жал, авионот се запалил уште на пистата. Пожарот предизвикал внатрешни крварења во црниот дроб, бубрезите и други органи, а дополнително тоа имал и пукнат череп. Додека да стигнат во Ентебе, весниците веќе имале подготвено насловна страна со насловот: „ХЕМИНГВЕЈ И НЕГОВАТА СОПРУГА ЗАГИНАА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА!“, па фактот дека Хемингвеј и неговата сопруга ги читале сопствените некролози, ја прави целата работа уште поморбидна.

Човекот кој преживеал сѐ: од рак на кожа до маларија, хепатит, дијабетес, труење на крвра и две авионски несреќи, сепак не успеа да се преживеа себеси и по долга борба со депресија, тој си го одзема животот утрото на ден пред да наполни 62 години.

ernest-hemingway-quotes

Неговата страст за ловење риби се претворила во светски рекорд

Хемингвеј обожавал рибарење. Додека бил на Бахамите во 1935 година, тој решил да се обиде со еден необичен пристап кон рибарењето и пукал кон ајкули со автоматска пушка. Тој го направил ова за да ги спречи овие предатори да не му го изедат пленот. За жал, овој план не успеал баш, бидејќи крвта уште повеќе ги испровоцирала предаторите и тие уште посилно го напаѓале неговиот плен. Но, во 1938 година, тој поставил светски рекорд со тоа што фатил седум сабјарки во еден ден.

ernest20hemingway

Тој бил талентиран ловец и успеал да убие 400 зајаци во еден ден

Хемингвеј уште како дете бил многу силен. Тој на тригодишна возраст успеал да убие бодликаво прасе, а како што растел, така станувал сѐ подобар во ловење. Кратко пред ја објави „За кого бијат камбаните“, тој успеал да улови 400 зајаци за еден ден.

ernest-hemingway-safari-tanganyika-1934

Како мал носел женска облека 

Грејс Хемингвеј често го облекувала младиот Ернест и неговата постара сестра во идентични розеви фустани со панделки, нарекувајќи ги „Холандската кукла“ и „Кукле“, со цел да ја задоволи својата неисполнета желба да биде мајка на близначки. Таа дури и не ја пуштала неговата сестра да оди во училиште за да можат двајцата да одат заедно во исто одделение. Ова многу лошо влијаело на нивната врска до степен што тој ѝ се заканил дека нема финансиски да ѝ помага на стари години. Таа никогаш не се согласила на интервју во кое би зборувала за неговото детство.

Свирел виолончело

Пред Хемингвеј да го пронајде својот рај во литературата, тој цела година учел како да свири на виолончело, но според него, „свирел полошо отколку кој било на планетава.“

Во својата градина во куќата во Ки Вест, тој имал писоар кој го земал од тоалетот од неговиот омилен бар

Домот на Хемингвеј во Ки Вест, Флорида, е местото каде што тој има напишано некои од неговите најдобри дела. Неговиот дом е исто така место каде што тој претворил писоар од еден локален бар, во фонтана во неговата градина. Локалниот бар „Слопи Џо“ бил омилено место на Хемингвеј и кога местото се реновирало, Хемингвеј решил да земе еден од писоарите како спомен, велејќи дека „истурил“ многу пари во него, па сосема е заслужено и да си го земе.

hemingway

Ангедотата дека ја напишал најкратката приказна на светот најверојатно е мит

Речиси сите ја знаат оваа приказна, бидејќи нема портал кој ја нема споделено: Легендата вели дека една вечер, додека Хемингвеј пиел во еден бар, бил предизвикан од неговите пријатели дека не може да напише приказна од шест зборови. Наводно сите ставиле пари на масата, тој го прифатил предизвикот и на една салфетка ја напишал најкратката приказна на светот: „За продажба: бебешки чевли, никогаш носени.“ И така го добил облогот.

За жал, нема никакви докази дека ова се случило. Одредени весници во 10-тите години на 20 век објавувале разни верзии од оваа приказна, но никогаш не тврделе дека Хемингвеј е авторот. Освен тоа, нема никаков запис во ниту една книга за оваа случка, ниту пак дека Хемингвеј има некаква врска со ова. Оваа анегдота првпат се појавува во 1991 година (во книга за издавачкиот бизнис), три децении по смртта на Хемингвеј.

Тој препочитал да стои додека пишува

За време на неговиот живот како писател, тој напишал седум романи, шест збирки со кратки приказни и две нефикции. Сите овие биле создадени додека стоел пред полицата со книги во неговата соба. За време на неговите продуктивни денови, тој трошел и по седум моливи.

Тој поседувал мачка со шест прсти

Мачката се викала Сноубол и таа му била омилената мачка.

Leave a comment