Македонска поезија: „Рабови“ од Лилјана Дирјан!

Денес е петок, ден на кој сите неизмерно му се радуваме, затоа што тоа значи дека можеме да здивнеме од работните обврски и да уживаме во викендот (т.е да читаме). За крајот на работната недела читаме македонска поезија, една прекрасна песна на Лилјана Дирјан.

Рабови – Лилјана Дирјан

Облече сосема нов фустан
застана пред огледалото
и таму ја гледаше таа
која не ја познава
сета кадифена модра ноќ
таа под фустанот
скриената
мека и осамена
ослепена
се наведна да го скине конецот од поставата
сакаше со тапите заби да го пресече
и свилата конец
се испара
и го снема телото
останаа само темницата
и огледалото.

woman-girl-person-female

Leave a comment