Неделава ја започнуваме со нов месец и нови можности за уживање во животот и читање книги. Со оглед на тоа дека на малкумина луѓе понеделник им е омилен ден, денес на блогот читаме македонска поезија за да го разубавиме понеделникот, но и на одличен начин да го започнеме месецов.
Немир – Блаже Конески
Ова сето личи на
кошмарен сплет.
Ме тишти срцето
и нездраво мрзне снагата.
А не знам што е главната причина:
дали болеста,
дали староста,
дали тагата.

