„Литература.мк“ отвора нова книжарница во ТЦ „Буњаковец“!

Секој љубител на книги се радува на веста дека ќе се отвори нова книжарница! Па така, Скопје добива уште една нова книжарница „Литература.мк“. Покрај книжарниците во ГТЦ и на улица „Македонија“, како и оние во „Сити мол“, „Рамстор“, „Веро центар“ (Скопје) и „Широк сокак“ (Битола),  љубителите на книги  и на нивните изданија, ќе можат да купуваат книги и во ТЦ „Буњаковец“. Книжарницата се наоѓа на приземјето, од страната на булеварот „Партизански одреди“ (наспроти Градежен факултет).

84106401_2455974931174370_8956178152820834304_o

Свеченото отворање ќе се случи денес, со почеток во 19 часот. Според објавата на официјалниот настан на Фејсбук, „на денот на отворањето за секоја сметка повисока од 500 денари следува подарок книга, а ќе има и слатки изненадувања за сите посетители. “

Работното време на книжарницата ќе биде од понеделник до сабота од 9 до 21 часот.

Кафе и книги им посакува успешна работа и многу продадени книги.

За повеќе информации, посетете го официјалниот настан на Фејсбук. 

Leave a comment