Како домашното милениче на Чарлс Дикенс го инспирирало Едгар Алан По?

„Гарванот“ е едно од најимпресивните дела на Едгар Алан По, долга, наративна поема која се фокусира на еден гавран кој зборува и кој среде ноќ посетува еден растажен љубовник кој страда заради смртта на неговата сакана Ленора. Поради својата привлечност поради комбинирањето на популарни митови, народни приказни, класични пејсажи и натприродното, поемата останува популарен класик кој е обожаван и векови подоцна. 

edgar_allan_poe_and_charles_dickens

Сепак, малкумина се запознаети со значајното книжевно наследство кое со себе го носи гавранот на По. Историчарите и книжевните критичари долго претпоставуваат дека птицата која е централен лик во неговата поема е всушност инспирирана од Грип, гавранот кој бил домашно милениче на Чарлс Дикенс. Овој вистински гавран бил инспирација не за еден, туку за два големи книжевни ликови, затоа што освен во „Гарванот“, тој бил опишан и во романот „Барнаби Раџ“ на Чарлс Дикенс.

Според Би-Би-Си, Дикенс многу сакал птици и чувал неколку гаврани и сите се викале Грип. Неговата прва и омилена птица имала специфичен и доминантен карактер и тој постојано ги закачал и малтретирал децата на Дикенс, како и другите миленичиња, со тоа што ги клукал нивните зглобови. Дикенс бил фасциниран од неговото милениче и решил да го вклучи во неговиот следен роман.

Во 1841 година, тој го објавил романот „Барнаби Раџ“ и навистина, главниот лик постојано бил придружуван од неговиот зборечки гавран, кој бил многу поинтелигентен од самиот човек. Дикенс постојано зборувал дека тој лик е заснован на неговиот гавран, кој за жал умрел кратко пред објавувањето на романот. Дикенс многу тагувал поради неговата смрт и продолжил да купува птици за да ги чува: прво купил орел, а потоа уште два гаврани еден по друг, двата ги нарекол Грип.

Третиот Грип имал уште поспефицичен и подоминантен карактер од првиот Грип и бил способен да го држи семејното куче Турк под контрола. Турк трпеливо седел и чекал додека Грип за себе си ги собирал најдобрите парчиња месо од чинијата на кучето.

grip-the-raven
(Првиот Грип, кој по смртта бил препариран по наредба на Дикенс)

Според Би-Би-Си, токму во овој период се запознале Дикенс и По. По напишал позитивна критика за „Барнаби Раџ“ и двајцата се согласиле да се запознаат додека Дикенс заедно со својата сопруга биле на турнеја низ САД. Наводно, По видел слика од Грип која Дикенс ја носел со себе и бил воодушевен кога слушнал дека птицата која толку многу ја сакал во „Барнаби Раџ“ била заснована на вистинско животно.

Наскоро, По го создал неговото најпознато дело, наративна поема во која централното место го зазема доминантниот гавран. Главниот лик, заљубен и тажен млад човек е вчудоневиден од посетата на гавранот, чие оддекнувачко „Nevermore!”, само додава повеќе кон болката и страдањето. Иако По никогаш не признал директно, со векови се претпоставува дека инспирација за „Гарванот“ е птицата на Дикенс.

Mорничавиот карактер на птицата, опишана како гордо стои на рамката на прозорецот, совршено одговара на гавранот кој му припаѓа на Барнаби Раџ, односно на птицата на Дикенс. Гавранот на По го гледаме како чука на прозорецот, исто како што прави и гавранот во „Барнаби Раџ“.

edgar_allan_poe_and_the_raven_by_pakstrax-d5julbg-e1426556186333

Наскоро по објавувањето на поемата, други читатели и книжевни критичари исто така ја забележале сличноста, а некои го обвиниле По за крадење и плагијат. По секогаш бил контроверзен лик и секогаш успевал да предизвика тешки критики и исмевање од неговите книжевни современици.

Во 1848 година, писателот Џејмс Расел Ловел напишал:

„Ете го По со неговиот гавран, исто како и Барнаби Раџ,
Три петтини генијалец, две петтини чисти глупости.“

Тажната и прерана смрт на По после само една година е она што го зацементирало неговото наследство, а „Гарванот“ остана неговото најпознато и најсакано дело.

Инаку, кога првиот Грип умрел, Дикенс бил толку тажен и потресен што наредил да биде препариран и си го чувал во неговата канцеларија, мислејќи дека на тој начин тој ќе го чува неговото семејство. По смртта на Дикенс, препарираната птица била продадена на аукција и сега е дел од „Слободната библиотека“ во одделот за ретки книги во Филаделфија. Соодветен крај за една птица која инспирирала не еден, туку двајца книжевни генији.

Извор.

Leave a comment