Галилео за магијата на книгите и возвишеноста на умот на оние кои пишуваат…

Галилео Галилеј е еден од најголемите научници во историјата, еден од првите научници кој го поставува патот за сите оние кои следеле по него. Често можеме да видиме како го нарекуваат „татко на астрономијата“ или „татко на науката“.

Нему му се препишува пронаоѓањето на телескопот, ги открил првиот и вториот закон за движењето и ги споделувал и ширел ставовите на Коперник за поставеноста на Сончевиот систем, односно дека Земјата се врти околу Сонцето, а не обратно, како што се сметало дотогаш.

galileo_letter

Тоа му донело проблеми со Инквизицискиот суд и морал да се откаже од своите учења, иако позната е анегдотата дека откако се откажал од своето учење пред судот, сепак во судницата го изговорил она славно: „Сепак се врти“.

Она што е интересно е дека покрај науката и научните истражувања, тој имал голема почит кон книжевноста.

Во „Дијалог околу двата главни светски системи“, истото четиво кое ни го прикажува размислувањето на Галилео за критичкото размислување и тоа колку е погрешно човек да верува на своите однапред утврдени размислувања, тој пишува:

„Неверојатно е тоа како читањето на извонредни поети го исполнува со неверојатна воодушевеност и почит, секој човек кој со внимание ги проучува создавањето и толкувањето на концепти! А што да кажам за архитектурата? Или за уметноста на навигацијата?

Но, оставајќи ги настрана сите неверојатни пронајдоци, каква возвишеност на умот има оној кој сонува да пронајде начин како да ги искаже своите најдлабоки мисли на друг човек, дури и ако е одалечен од моќните интервали на простор и време.

Да разговара со оние кои се во Индија; да им се обраќа на оние кои сѐ уште не се родени и нема да се родат во следните илјада или десет илјади години; и со какви алатки, со различни распоредувања на 20 ликови на една страница!

Нека ова биде печат на сите восхитувачки пронајдоци на човештвото.“

Извор.

Leave a comment