Приказната за Петар Пан е напишана пред околу еден век и дефинитивно припаѓа на групата на безвременски класици во книжевноста за деца, приказна која подеднакво ги воодушевува и младите и возрасните.

Џејмс Бери, авторот на „Петар Пан“, бил едно од десетте деца во неговото семејство. Тој се родил и израснал во Шкотска. Уште од мали нозе сакал да биде писател. На шестгодишна возраст бил уништен кога дознал дека неговиот постар брат Дејвид загинал во несреќа при лизгање на мраз и иако бил многу млад, бил решен да го „заземе“ местото на неговиот 14-годишен брат во срцето на неговата мајка. Откако дипломирал на Универзитетот во Единбург, тој кратко време работел како новинар и потоа се преселил во Лондон каде што започнал да работи како драматург и доживеал релативен успех.

Во 1897 година, додека го шетал своето куче (кое во приказната е олицетворено во ликот на Нана) во градината Кесингтон, тој се запознал со семејството Левелин Дејвис: Артур, Силвија и нивните три синови. За Бери, кој немал деца, ова било една претскажувачка средба која подоцна се развила во длабоко пријателство и била инспирација за ликовите на неговото најпознато дело, особено младото момче со магични моќи кое првпат се појавува во неговиот роман „Малечката бела птица“ од 1902 година.
Тоа било почетокот на неколку последователни фантастични дела во кои младото момче станува главниот лик во „Петар Пан или Момчето кое не сакаше да порасне“, претстава која во 1904 година била поставена во театарот на Војводата од Јорк во Лондон. Огромниот успех на претставата го поттикнала Бери да создаде две детски приказни на основа на претставата: „Петар Пан во градината Кенсингтон“ (1906) и „Петар и Венди“ (1911).

Токму ракописот на „Петар и Венди“ е еден од бисерите кои се наоѓаат во државната библиотека во Њујорк и токму сликите кои ги гледате во оваа објава се од тој ракопис. Авантурите на Петар во Недојдија, напишани со ситниот и уреден ракопис на Бети, се оживеали преку живописните бои со кои уметницата Гвинед Хадсон го уредила едно од последните изданија кое било објавена во време на неговиот животен век.
Влегувајќи во животите на милиони млади читатели ширум светот, наследството на Џејмс Бери е многу повеќе од само книжевно, на крај се покажало дека е истовремено и длабоко хуманитарно наследство. И покрај тоа што не можел да лета како Петар, тој метафорички ги раширил своите крилја и бил своевиден „ангел-чувар“ на децата од семејството Левелин, кои останале сираци по смртта на Артур во 1907 години и Силвија во 1910 година и финансиски се грижел за нив.

Во 1929 година, сета заработка од „Петар Пан“ ја донирал на болницата за болни деца „Грејт Ормонд Стрит“. Кога авторските права истекле во 1987 година, Британскиот парламент изгласал невообичаена законска регулатива со која болницата засекогаш ќе ги добива британските права (а со тоа и приходи) на книгата.
Обожавателите на магичниот свет на Бери ќе бидат уште помаѓепсани од неговото дело преку тоа што ќе можат да ѕирнат во ова дело напишано од ракописот на авторот и кога ќе го направат тоа, ќе се потсетат на магичните зборови: „Соништата се исполнуваат ако доволно силно посакуваме.“
Ракописот се продава и во вид на книга, тука можете да ѕирнете како изгледа.
