Говорот на Михаил Шолохов по добивање на Нобеловата награда за книжевност…

Михаил Шолохов е еден од најдобрите руски писатели, кој засекогаш ќе остане запомнет во историјата на светската книжевност со своите дела, особено со своето извонредно дело „Тихиот Дон“, дело кое во најголема мера беше заслужно да ја добие Нобеловата награда за книжевност. Јас секогаш сум уживала во говорите на добитниците на Нобеловата награда за книжевност, затоа што во нив ја гледаме нивната човечност, но и во нив секогаш се провлекуваат прекрасни пораки за човештвото и книжевноста.

unnamed

Денес на блогот прочитајте го говорот на Михаил Шолохов на Нобеловскиот банкет во Стокхолм, 10 декември 1965 година:

„На оваа свечена прилика, јас најпрво сакам уште еднаш да ѝ се заблагодарам на Шведската академија која ми ја додели Нобеловата награда.

Бидејќи веќе имав можност да зборувам во јавност, чувството на задоволство кое оваа награда го побудува во мене не е само заради меѓународното признание за моите професионални заслуги и индивдиуални карактеристики како писател. Јас сум горд што оваа награда му е дадена на Русин, советски писател. Јас тука претставувам многу писатели од мојата татковина.

Јас претходно исто така го изразив моето задоволство што, индиректно, оваа приказна е уште едно признание за романот како жанр. Јас неретко читав и слушав неодамнешни изјави кои искрено ме вџашија, изјави кои тврдат дека романот е застарена форма која не соодветствува со денешните побарувања. Сепак, романот е она што го прави возможно целосното разбирање на светот на реалноста, кој го дозволува проектирањето на човечкото однесување кон светот и неговите моментални проблеми.

Човек може да каже дека романот е жанр кој му дава најмногу предиспозиции на човекот за длабок увид во неверојатниот живот околу нас, наместо да го истакнува во преден план сопственото малечко его како центар на универзумот. Овој жанр, во својата природа, дозволува најширок спектор за еден реалистичен писател.

landingpage

Многу модерни струи во уметноста го отфрлаат реализмот,  за кој мислат дека си го завршил своето. Без страв да бидам обвинет за конзерватизам, јас би сакал да кажам дека имам сосема спротивно мислење и дека сум цврст поддржувач на реалистичната уметност. Има различни муабети за книжевниот авангардизам со повикување на најмодерните експерименти, особено во полето на формата.

Според мене, вистински пионери се оние уметници кои во своите дела манифестираат нова содржина, со определување на карактеристиките на животот во нашето време. И реализмот како целина и реалистичниот роман се засновани врз уметнички искуства презентирани од големите уметници и мајстори од минатото. За време на нивниот развој, тие се здобиле со нови, важни, карактеристики кои се фундаментално модерни.

Зборувам за реализмот кој во себе го носи концептот на регенирањето на животот, неговата реформација за доброто на човештовото. Тука секако мислам на реализмот кој ние го нарекуваме социјалистички. Неговиот особен квалитет е дека изразува филозофија на животот која не прифаќа ниту бегање од светот, ниту пак бегање од реалноста, филозофија која му дозволува на човекот ги разбере целите кои се драги и присутни во срцата на милиони луѓе и која го осветлува нивниот пат во борбата.

unnamed (1)

Човештвото не е поделено во јато од поединци, луѓе кои лебдат во вакуум, како космонаутите кои отишле и надвор од гравитациското поле на Земјата. Ние живееме на Земјата, ние сме предмет на нејзините закони и како што Госпелите велат, во денот има доволно зло, проблеми и пречки, како и надежи за подобра иднина. Огромни делови од светското население се инспирирани од истите желби и живеат за заеднички интереси што ги поврзуваат многу повеќе отколку што ги раздвојуваат.

Ова се луѓето кои работат, кои создаваат сѐ со нивните раце и умови. Јас сум еден од оние писатели кои сметаат дека ја имаат најголемата чест и најголемата слобода да имаат целосно неограничена можност да го користат своето перо за да им служат на работниците. Тоа е ултимативната основа. Од неа се извлечени сите заклучоци за тоа како јас, советски писател, го гледам местото на уметникот во денешниот свет.

Добата во која живееме е полна со неизвесност. Сепак, не постои една нација на овој свет која посакува војна. Но, постојат сили кои туркаат цели нации во пеколот на војната. Зарем не е неизбежно дека пепелта на ужасот на Втората светска војна треба да го допре и трогне срцето на писателот? Зарем искрениот и чесен писател не е обврзан да се крене против оние кои сакаат да го осудат човештвото на самоуништување?

Каков е тогаш повикот и кои се должностите на уметникот кој се гледа себеси, не како сликата на бог кој е рамнодушен на страдањата на човештвото, седејќи на престол далеку од жестината на битката, туку како син на неговиот народ, мало парче од човештвото?

mikhail-sholokhov-3140c68b-eb32-4d75-ba78-73951c1b38a-resize-750

Да биде искрен со читателот, да им ја кажува вистината на луѓето, вистина која понекогаш може да биде непријатна, но, кој секогаш е бестрашен. Да ги зацврсти срцата на луѓето во нивната верба во иднината, во вербата во нивната способност да ја изградат оваа иднина. Да биде борец за мир во светот и со неговитте зборови да произведе и создаде такви борци, секаде каде што тие зборови допираат. Да ги обедини луѓето во нивниот природен, благороден порив кон прогрес.

Уметноста поседува неверојатна способност да влијае на интелектот и умот на луѓето. Верувам дека секој има право да се нарекува себеси уметник, доколку тој ја канализира оваа способност и ја искористи за создавање нешто прекрасно во умовите на луѓето, ако тој му користи на човештвото.

Мојот народ не следеше изодени патеки во неговото историското патување. Нивното патување беше патување на истражувачи, пионери на нов живот. Јас сметав и сè уште сметам дека моја задача како автор на сето она што сум го напишал и на сето она што во иднина ќе го напишам, е да искажам голема почит кон оваа нација на работници, оваа нација на градители, оваа нација на херои, кои никогаш не нападнале никого, но кои знаат како чесно да го одбранат она што го создале, својата слобода и достоинство и своето право да ја гради иднината  онака како што тие одбрале.

Би сакал моите книги да им помагаат на луѓето да станат подобри, да станат почисти во своите умови. Би сакал тие да поттикнуваат љубов кон другите луѓе, желба активно да се борат за идеалот на човештвото и прогресот на човештвото. Ако сум успеал до одреден степен да го направам ова, тогаш јас сум среќен човек.

Сакам да ви се заблагодарам на сите кои сте вечерва тука и на сите оние кои ми испратија честитки и добри желби поврзани со Нобеловата награда.

 

Извор.

Leave a comment