Денес е петок, а најубав начин да го прославиме почетокот на викендот е со македонска поезија. Денес на блогот прочитајте ја оваа неверојатна песна и овие прекрасни стихови на Анте Поповски
Не смеам да заспијам – ќе ми исчезне од сонот – Анте Поповски
Спроти недела на моите колена кога ноќева
нејзините герданчиња од црни и жолти пеги на вратот
– како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутките
Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите,
нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината
низ земните длабочини до плодовите
Дури ноќева таа
на моите колена
Незнаен ковач жар на дланката ми носи
Да запалам цигара.
– Не смеам да заспијам зашто ќе ми исчезне во сонот.

