Март е месец на писателки во „ТРИ“!

Март е месец на бериќет, промени, радост. Неговото старо име е цутар, што го навестува процутувањето на природата. Но март е и месец кога жената празнува. Осмиот ден во месецот е во знакот на нејзиното постоење, нејзиниот пркос, убавина и рамноправност. Во знакот на женската мисла и силата на женското писмо, овие денови ТРИ ве инспирираат да подарите добра книга!

89121841_10158033617919817_2355455366155730944_o

Токму затоа, над 10 наслови од македонски и странски авторки во издание на ТРИ ќе бидат со неодолив попуст во сите нивни книжарници.

Но, ТРИ не застануваат само на овие наслови. Целиот месец март го посветуваат на женското писмо и жените кои промовираат мудрост, моќно раскажуваат и рамноправно стојат во книжевниот свет со своите текстови.

Погледнете ја целосната листа со наслови – тука.

Текстот е преземен од официјалната ФБ страница на „ТРИ“.

Leave a comment