Македонска поезија: „Залегнат врз стихови“ од Игор Исаковски!

Денес е среда, токму на средината од неделата. Со цел да вдахнете малку инспирација и мотивација за до петок, денес на блогот читаме македонска поезија!

Залегнат врз стихови – Игор Исаковски

стихови имам насекаде
околу мене, лебдат низ воздухот
ми треперат под прстите
како оган пред цигара
ми се пикаат во косата
ме чешаат под носот
ми го гребат грбот

ме пречекуваат во креветот
како нежна топла мазна жена
ми лазат по нозете ми ги лижат
градите стиховите ми се пикаат
во папокот и таму длабат

насекаде околу мене стихови
врз мене стихови и под мене стихови
како нежни пеперутки како златна прашина
бегаат пред допирот како јато неми риби
во рибникот на небото кое златно свети
златно како молчење

surreal-melancholic-photography-gabriel-isak-fb__700-png

Leave a comment