Во овие времиња на сите ни е потребна поддршка и позитивни мисли. Еден од начините како да се полниме со позитивна енергија е читањето на убава македонска поезија. Денес на блогот прочитајте ја песната „Љубов“ од Блаже Конески.
Љубов – Блаже Конески
Не иди зашто жалосна би била,
и колку да те копнеам – се ледам.
Што младоста во темен неврат скрила
ме влече назад со измамна сила,
но зар со подбив тоа да го гледам!
Сум сакал, сега цибрина ме свила,
не иди, љубов, жалосна би била.

