„Ти подарувам ѕвезди“ на Џоџо Мојес е инспирирана од вистинска приказна за библиотекарките кои јавале коњи!

Џоџо Мојес е една од најпознатите писателки на денешницата, која освен што е позната низ целиот свет, има навистина голема читателска публика и следачи во Македонија. Таа во октомври ја издаде нејзината најнова книга „Ти подарувам ѕвезди“, која веднаш стана бестселер и ги освои и критичарите и читателите. Кај нас оваа книга е во издание на „Култура“ и се работи за навистина неверојатна приказна.

Но, многумина не знаат дека оваа книга всушност е заснована на вистинска приказна за библиотекарките на коњ кои живееле во Кентаки, САД! За време на Големата депресија, источниот дел на Кентаки бил еден од регионите кој најсилно бил погоден од кризата. За да им помогне и за да им даде образование на луѓето погодени од ситуацијата, првата дама на САД, Еленор Рузвелт во 1934 година го започнала проектот „Библиотека на коњ“. Една група на библиотекари, повеќето од нив жени, јавале повеќе од 30 киломери низ планините на Кентаки за да им дадат книги на луѓето и семејствата.

2_all_lined_up_rg1670

Тоа воопшто не било лесна задача. Според Хедер Хенсон: „Да се оди во планините во Кентаки било како да се оди назад во времето. Немало вода, струја и имало многу малку училишта“. Било и прилично опасно, но библиотекарите на коњ биле многу посветени. Според списанието „Смитсониан“, „тие си ја сфаќале својата задача сериозно исто како поштарите и преминувале потоци во многу зимски околности и често нозете им замрзнувале.“

Сепак, овој проект бил многу успешен. Како што се раширил зборот за оваа активност, сѐ повеќе библиотекари се приклучувале на идејата, а луѓето ширум САД донирале книги и списанија. Книгите пред да бидат испорачани прво биле испорачувани во импровизирани библиотеки во пошти и цркви.

Грејс Кодил Лукас била една од библиотекарките на коњ. Млада, самохрана мајка на две деца, таа била напуштена од нејзиниот сопруг за време на Големата депресија и се приклучила на групата библиотекари. Нејзиниот внук вака го опишал нејзиното искуство:

„Таа јаваше на коњот низ патеки и дупки полни со кал. Таа не го поседуваше коњот, туку го изнајмуваше за 50 центи неделно. Ги редеше книгите во пакет кој беше прикачен за нејзиното седло и не носеше секогаш само книги, често земаше и списанија кои во тоа време постоеја, како и весници.“

За нејзината работа, таа заработувала еден долар дневно.

0f5925f0c67d9eddc893120a42c1c1a2-works-progress-administration-appalachian-mountains

Освен што ги доставувале книгите и другите материјали за читање, библиотекарите и поправале книги и собирале статии од списанија за да создадат како колекција на написи околу одредена тема, како рецепти или шаблони за плетење. Со оглед на тоа дека голем дел од луѓето во нивните заедници биле неписмени (во 1930 година, речиси една третина од луѓето во источен Кентаки не знаеле да читаат), многу често библиотекарите одвојувале време за да им читаат.

Мери Рут Шулер Диетер, која работела како библиотекарка на коњ, изјавила: „Тие беа толку среќни кога ќе добиеја книга. Не можеа да читаат, па затоа јас им читав, понекогаш по неколку пати, за да можат да ја разберат книгата.“

packhorse02

Во романот на Џоџо Мојес, пет жени, вклучувајќи ги и несреќно мажената жена од Англија и темпераментната ќерка на еден криминалец, стануваат библиотекарки на коњ во Кентаки и во процесот стануваат свесни како нивниот живот целосно се трансформира. Иако ликовите во книгата се измислени, приказната е инспирирана од искуствата на вистинските библиотекари кои се соочувале со тешки и непроодни патишта, лошо време и секакви предизивци.

Според интервјуто на Џоџо Мојес со „Гудридс“, таа била инспирирана да ја напише приказната откако во 2017 година прочитала статија во „Смитсонијан“ за библиотекарите и чија приказна неверојатно ја фасцинирала.

„Коњи и книги се моите две омилени работи, па тоа веднаш го привлече моето внимание. Но, самите слики кои беа прикачени во статијата е она што навистина се истакнуваше: Млади жени, нивните седла полни со книги, подготвени да одјаваат во огромниот и често непријателски терен или сликите каде што им читаат на семејствата кои немаат ништо.“

librarians-on-horseback-fb

За потребите на книгата, Џоџо Мојес прочитала сѐ што може да прочита за тој период и дури и отишла во Кентаки неколку пати за, како што вели таа, „да јавам коњи во планините по некои од истите патеки по кои жените најверојатно патувале во тоа време, и не само да го почувствувам пејсажот и дивината, туку и да добијам чувство за јазикот кој се користел во тоа време.“

Кога Големата депресија завршила и САД почнале да се подготвуваат за војна, овој проект завршил во 1943 година. Но, влијанието на библиотекарите на коњ не било заборавено. Во првите две години од програмата, тие услужиле 50.000 семејства.

ti-podaruvam-zvezdi-korica-800x1231-1

Оваа приказна е доволна причина за човек да ја земе оваа книга во рака!

Извор.

 

Leave a comment