Шарлот Бронте: „Јас сум слободно човечко суштество со независна волја!“

На 31 март 1885 година, починала Шарлот Бронте, која заедно со нејзините сестри Емили и Ен, е една од најважните писателки во историјата на книжевноста. Нејзиното најпознато дело, „Џејн Ер“, нејзините зборови, нејзиниот прогресивен и прониклив ум и неверојатниот талент за раскажување ја искачиле на највисокиот пиедестал во историјата на книжевноста.

77787.bronte2x

Денес на блогот го славиме нејзиното творештво со неколку прекрасни мисли од Шарлот!

„Јас не сум птица и ниту една мрежа не ме заробува. Јас сум слободно човечко суштество со независна волја!“

„Секогаш претпочитам да бидам среќна отколку достоинствена.“

„Јас се грижам за себеси. Колку повеќе сум осамена, без пријатели и непостојана, толку повеќе ќе се почитувам себеси.“

„Секој атом од твоето ткиво ми е драг како да е мој: и во болка и во болест, ќе продолжи да ми биде драг.“

„Проблемот не е во тоа што сум сама и најверојатно ќе останам сама, туку во тоа што сум осамена и најверојатно ќе останам осамена.“

„Тој направи да го сакам без да ме погледне.“

charlotte_bronte_coloured_drawing

„Животот имаше сјајни сончеви зраци дури и за мене.“

„Но, животот е битка;  на сите нека ни биде овозможено добро да се бориме!“

„Дури и ако целиот свет те мрази и мисли дека си расипана, сѐ додека твојата сопствена совест те одобрува и те ослободува од вина, ти нема да останеш без пријатели.“

„Првпат открив нешто што можам навистина да го сакам – те најдов тебе. Ти си мојата симпатија, мојата подобра половина, мојот добар ангел и јас сум врзан за тебе со силна приврзаност. Јас мислам дека ти си добра, талентирана, прекрасна; во моето срце се роди силна и свечена страст; тоа е наклонето кон тебе, те влече кон центарот и пролетта на мојот живот, го обвиткува моето постоење околу тебе – и подгревајќи се со чист и моќен пламен, нѐ спојува тебе и мене во едно.“

„Според мене, животот е прекраток за да биде поминат во негување нетрпеливост или во забележување грешки.“

„Јас можам да живеам сама, ако самопочитта и околностите го бараат тоа од мене. Јас не морам да ја продадам мојата душа за да купам среќа. Јас имам внатрешно богатство кое се родило заедно со мене, кое може да ме одржува во живот ако сите надворешни задоволства се скриени или понудени само за цена која не можам да си дозволам да ја платам.“

charlotte-bronte-200

„Предрасудите, како што е тоа веќе добро познато, се најтешки за бришење од срцето чија почва никогаш не била олабавена или оплодена од образованието: тие растат таму, цврсто како растенијата помеѓу камењата.“

„Дали мислите дека јас сум автомат? Машина без чувства? Или дека можам да поднесам парчето леб да биде оттргнато од моите усни и капка од питката вода да биде истурена од мојата чаша? Дали мислите дека само затоа што сум сиромашна, скриена, обична и малечка, дека сум бездушна и дека немам срце? Е па грешно мислите! Јас имам исто толку душа како и Вие и срцето ми е исто толку полно! И ако Бог ми подареше малку убавина и повеќе богатство, ќе направев подеднакво да Ви биде тешко да ме напуштите, како што сега мене ми е тешко да Ве напуштам Вас. Јас сега не Ви зборувам преку посредништвото на обичаите и нормите, ниту пак преку смртниот труп; мојот дух е тој што му се обраќа на Вашиот дух; онака како што и двата поминале низ гробот и онака како што сме стоеле пред нозете на Бог – еднакви, онакви какви што сме!“

„За среќа, душата има толкувач, најчесто е несвесен, но сепак е верен толкувач, а тоа е окото.“

„Среќата која во најголем дел е несподелена едвај може да се нарече среќа – таквата среќа нема вкус.“

„Господине, јас не мислам дека имате какво било право да ми заповедате, само затоа што сте постар од мене, или затоа што сте виделе повеќе од светот; Вашето  право да прогласите супериорност зависи од тоа што сте направиле од вашето време и искуство.“

 

Leave a comment