Еден од најубавите настани за љубителите на книга е Саемот на книга. За жал, со оглед на настаните и околностите, речиси е сигурно дека годинава нема да го има традиционалниот Саем на книга кој обично се случува секоја година во април или мај. Но, книжевниот центар „Антолог“ има одлична вест за сите љубители на книги на кои им недостасува шетањето и разгледувањето книги на штандови, па го организира првиот е-саем на книга или онлајн Саем на книга.
Почнувајќи од вчера, па сѐ до 21 април, ќе имате можност да ја освежите домашната библиотека со насловите на „Антолог“ и на тој начин дополнително да го искористите времето поминато дома со читање книги!

Според најавите на официјалниот настан на Фејсбук, 300 наслови на Антолог ќе имаат попуст до 75%. Ќе имате можност да изберете помеѓу 5 пакети:
Пакет 1: 3 книги за 300 денари
Пакет 2: 3 книги за 450 денари
Пакет 3: 3 книги за 750 денари
Пакет 4: 3 книги за 1050 денари
Пакет 5: 3 книги за 1350 денари
Понудата важи само за онлајн-нарачки преку сајтот на Антолог: http://www.antolog.mk
Освен попустите, од „Антолог“ најавуваат и дополнителни активности за љубителите на книги, кои ќе ве израдуваат и кои ќе ви донесат ведрина и позитивна енергија во претстојниот период. Љубителите на книги може да ги очекуваат следните активности:
· карантински муабети
· видеорецензии
· нови книги по специјални намалени цени како дел од пакетите
· за оние што не знаат што да си одберат – предлози од нашиот тим
· книжевно караоке
· онлајн-промоции
· предизвици и наградувања
· работилници за деца
· и уште многу други активности и изненадувања
За повеќе информации за распоредот на онлајн настани, како и информации за самиот е-саем, следете ја официјалната страна на Антолог на Фејсбук, како и официјалниот настан.
