Патрик Стјуарт секој ден чита по еден сонет на Шекспир!

Како што сите веќе добро знаеме, повеќето држави ширум светот воведоа задолжителен карантин или полициски час, а тоа ги принудува сите да седат во своите домови. Познатите личности (актери, музичари, забавувачи) исто така наоѓаат начин да се забавуваат и себе, но и своите следачи и обожаватели.

За обожавателите на книгите и особено Шекспир, следната вест ќе биде навистина интересна. Познатиот актер Патрик Стјуарт реши да им се придружи на некои од своите колеги и одлучи секој ден да чита по еден сонет на Шекспир. Инаку, Патрик Стјуарт има класично актерско образование, па оттаму и неговата љубов и познавање на Шекспир и неговите дела.

patrick20stewart20sonnets

Почнувајќи од 22 март, Стјуарт секој ден рецитира по еден сонет за своите следбеници на Инстаграм. Тој започна со „Сонет 116“ на Шекспир и откако беше преплавен со позитивни коментари и комплименти, тој одлучи да продолжи да ги чита стиховите на Шекспир.

На едно од видеата кои ги објави на Инстаграм, тој напиша: „Кога бев дете во 40-тите години на 20 век, мојата мајка знаеше да исече парчиња овошје за мене (тогаш немаше големи количини) и кога ќе ги ставеше пред мене, секогаш велеше: „Едно јаболко на ден, го држи докторот подалеку“. А што велите за: „Еден сонет на ден, го држи докторот подалеку?“

Тој досега има прочитано неколку сонети кои најпрво се објавуваат на неговиот IGTV (дел за видеа на Инстаграм), а потоа ги прикачува и на неговиот Инстраграм профил. Доколку го заследите ќе можете постојано да бидете во тек и да го следите секое ново објавено читање.

Уживајте!

Извор.

Leave a comment