Видео: Македонски уметници за Горан Стефановски…

На 27 април 1952 година, во Битола, се родил Горан Стефановски, еден од најголемите македонски драматурзи, често нарекуван и „македонскиот Шекспир“.  Неговите претстави и зборови одекнуваат во македонската култура и секојдневниот живот и секогаш се релевантни, како да се напишани вчера.

За жал, тој прерано нѐ напушти, но тоа не нѐ спречува да продолжиме да го славиме неговото творештво, како и неговиот живот.

goran1990107107212

По повод денот на неговото раѓање, на 27 април, Општина Центар на својот Јутуб канал објави едно интересно видео со неколку уметници кои зборуваа за Горан, а меѓу нив, зборува и Влатко Стефановски, негов брат и уште една македонска легенда.

Погледнете го ова интересно видео, кое дефинитивно заслужува што поголема гледаност.

Покрај тоа, погледнете ја и емотивната објава на Игор, синот на Горан, околу статуата која требаше да биде поставена во Дебар маало, но за жал сето тоа ќе мора да почека подобри времиња, поради ситуацијата со коронавирусот.

Доколку имате желба да прочитате повеќе содржини поврзани со Горан, прочитајте ја оваа интересна размена на писма помеѓу Горан и Братислав Димитров. И како за крај, прочитајте го одличното интервју на Кица Колбе со Патриша Марш Стефановска, сопругата на Горан за „Дојче веле“.

Ликот и делото на Горан засекогаш ќе живејат, тие се длабоко вкоренети во македонската книжевност, култура, но и нашето обично секојдневие. Наше е само да ги чуваме, почитуваме и да ги пренесуваме на следните генерации.

Leave a comment