Вистинското куче кое било инспирација за „Повикот на дивината“ на Џек Лондон…

Повикот на дивината“ на Џек Лондон е книга со која пораснаа многу генерации. Оваа книга се смета за иновативно дело на експерименталната белетристика затоа што се раскажува од перспективата на едно припитомено куче по име Бак. Приказната го следи Бак при неговите авантури низ една од последните вистински искуства во Северна Америка.

Во вистинскиот живот, Лондон бил еден од десетиците илјадници мажи и жени кои биле доволно храбри да појдат на таа авантура. Тој ги искористил овие искуства за да ја напише книгата „Повикот на дивината“, но најголема инспирација за него биле кучињата на Северот и едно особено интересно куче кое го сретнал таму.

bond-brothers-with-their-dog-jack
(сликата датира околу 1896-1898, кучето лево е Џек, инспирацијата за Бак. Најгоре на сликата, самиот Џек Лондон напишал: „Ова е Бак и Џек Лондон)

Измислената приказна за Бак повторно беше екранизирана на големото платно, со Харисон Форд во главната улога. Без оглед на тоа дали сте го гледале новиот филм или сте ја прочитале книгата, прочитајте повеќе за вистинската приказна за кучето кое било инспирација за овој роман.

Кое било кучето кое толку го инспирирало Џек Лондон?

Повеќе од 100.000 луѓе се упатиле кон Јукон за да бараат злато, но само 30.000 успеале да стигнат од Аљаска до Досон сити, епицентарот на случувањето. Меѓу нив бил и Џек Лондон. Лондон неколку месеци живеел во Досон сити, каде се спријателил со браќата Луис и Маршал Бонд, кои му дозволиле да го постави својот шатор до нивната дрвена куќичка. Таму Лондон се спријателил и со едно од работните кучиња на браќата, кое случајно го носело неговото име – Џек.

Маршал Бонд еднаш рекол за своето куче дека „поседува извонредни карактеристики. Тој имаше храброст, која иако беше неагресивна, беше незапирлива; поседуваше љубезност и добра природа која и наурбаниот човек на светот би ја гледал со одобрување, како и желба за работа заедно со неуморната енергија да ги извршува задачите.“

spitz-buck-gable

Средбата на Џековците

Овие одлични карактеристики биле забележани и од самиот Џек Лондон. Младиот авантурист бил особено приврзан за кучето Џек, толку многу што Бонд напишал: 

„На Лондон му се допаѓаа овие кучиња, особено ова што јас го нареков Џек. Неговиот начин на справување со кучињата беше сосема поинаков од сите други кои јас ги познавав и тоа ми беше многу интересно. Повеќето луѓе, вклучувајќи ме и мене, ги галеа со љубезност и им зборуваа со повеќе или помалку љубезен тон на гласот. Лондон не го правеше ова.

Тој секогаш зборуваше и се однесуваше со кучето како тој да ги препознава неговите благородни квалитети, како да ги почитува, но и како да ги прифаќа како нешто нормално. Секогаш ми изгледаше дека тој му даваше на кучето повеќе отколку што му дававме ние, затоа што тој се однесуваше како да го разбира. Тој имаше око кое забележува сѐ и ги почитуваше тие квалитети кај кучето како што би ги почитувал кај еден човек.“

Откако Лондон бил приморан да го напушти Јукон заради тоа што страдал од скорбут (болест предизвикана од целосен недостаток на витамин Ц во организмот, м.з), тој го насочил своето внимание кон градење кариера како писател.

За само неколку години, неговите записи постигнале огромен успех, а неговиот најголем успех се случил благодарение на кучето Џек со кое се дружел неколку месеци во Јукон. Откако „Повикот на дивината“ станал бестселер, Маршал Бонд му напишал писмо во кое навел дека забележал сличности помеѓу неговото куче и Бак. Лондон на тоа му вратил: „Да, Бак е заснован на твоето куче во Досон“.

076_povikot_na_divinata_f-520x550h

Животот на едно куче на територијата Јукон во 19 век 

Животот на кучињата кои биле користени за работа не бил нешто многу полесен од животот на луѓето кои се потпирале на нив. Кучињата можеле полесно да се движат низ тесните и стрмни патеки во Јукон, во споредба со коњите и магарињата, а и биле поевтини од нив. Групи кучиња кои влечеле санки станале најпопуларен и најефективен метод на транспорт низ смрзнатата дивина.

Кучињата биле толку барани, што северозападниот дел на Канада имал проблем со недостаток од кучиња. Трговијата со кучиња станала лукративен бизнис до степен што се случувало едно куче да биде продадено за 400 долари, сума која денес би изнесувала 13.000 долари!

Убавината на „Повикот на дивината“ е тоа што ни дава можност да ги погледнеме работите од перспективата на едно куче, особено во тие тешки времиња. Голем дел од искуствата на Бак во романот е опис на животот кое кучето Џек сигурно го живеело, без киднапирањата (да се надеваме).

Одличен потсетник повторно да ја прочитаме книгата или можеби да го погледнеме филмот со Харисон Форд подолу погледнете го и трејлерот за филмот!

Извор.

Leave a comment