Златната ера на илустрациите најчесто се нарекува ерата помеѓу 1880 година и раните декади на 20 век. Според Артиклопедија, ова било „период на дотогаш невидена извонредност во илустрирањето на книги и списанија.“ Време на уметници како Џон Тениел, Беатрикс Потер, Артур Рекам и Обри Бирдсли. Некои од најпознатите илустратори како Бирдсли и Хери Кларк, исто така станале меѓународно познати уметници во неколку различни ери и движења.

Но, екстензивното книжевно илустрирање како примарна печатена визуелна култура оди уште подалеку од овој временски период. Густав Дор, еден од најпознатите и најплодните книжевни илустратори, своите најдобри дела ги создал во средината на 19 век.
Други француски илустратори, како Алфонс де Нувил и Емили – Антон Вајард, создале импресивна бројка илустрации во 60-ти и 70-ти години на 19 век, а дел од нив се нашле во неверојатно раскошно илустрираната „Извонредни патувања“ на Жил Верн, книга која има 54 тома.
Како што Колин Маршал напишал во една објава, овие неверојатни илустрации (вкупно 4000), биле многу повеќе од обичен украс. Најпрво, тие им помагале на целосно неписмените луѓе да можат да разберат за што се работи. Понатаму, за оние кои можеле да читаат и биле читатели, овие илустрации им ја задоволувале гладта за стилизиран визуелен хумор, за документирани претставувања на природа, архитектурата, модата, итн. и тоа пред фотографијата да биде не само возможна, туку и евтина за репродуцирање. Без оглед на причината, читателите во 19 и раниот 20 век, најчесто очекувале нивниот материјал за читање да биде придружен со слики, и тоа навистина фино и убаво нацртани.

Виртуелната архива Old Book Illustrations собра илјадници од овие илустрации, отстранети од нивниот оригинален контекст и сега е сосема возможно да бидат пребарувани според името на уметникот, изворот, датумот, името на книгата, техниките, форматото, издавачите, предметот, итн. Котке вели „Има повеќе колекции низ кои може да се пребарува и сите можат да бидат пребарувани според клучни зборови.“ Секако дека сите илустрации не се на исто ниво со уникатно високите стандарди на Густав Дор, Обри Бирдсли или Џон Тениел кои имаат свои сопствени категории во архивата. Но, тоа не е поентата на оваа библиотека.

„Илустрации од стари книги“ е своевидна алатка за истражувачи и академици, која вклучува и дигитализирана верзија на „Речник на уметноста на печатењето“ и кратки артикли за некои од најпознатите уметници и најзначајните текстови од тој период. Луѓето надлежни за објавувување на сајтот исто така се транспарентни за нивниот начин на избор. Ти се водат според нивните „причини поврзани со вкус, постојаност и практичност“. Архивата го има проширено својот фокус, но „поради очигледните правни пречки, тие морале да останат во рамките на она што е јавно достапно.“

Ти исто така истакнуваат дека дигитализираните слики на страницата се реставрирани за да „изгледаат што е можно поверно дека се ставени на совршената печатена хартија која уметникот ја имал на ум кога го работел делото.“ Посетителите на страницата кои би сакале да ги видат илустрациите онака како што „времето влијаело на нив“, можат да кликнат на опцијата „Raw Scam” која се наоѓа десно на листата со резолуции која се наоѓа на врвот на секоја слика.

Сите слики кои се наоѓаат на страницата се достапни во висока резолуција и создавачите на страницата планираат да додадат повеќе статии и да направат статии на англиски јазик поврзани со францускиот Романтизам да бидат достапни за сите луѓе, насекаде низ светот. Тие велат: „Ние не сме единствената страница која има собрано и понудено слики на интернет, ниту пак некогаш ќе бидеме најголемата. Но, ние се надеваме дека посетителите кои ќе нѐ изберат ќе бидат оние кои се особено заинтересирани за викторијански или француски илустрации од ерата на Романтизмот.“
Како и да е, за оние кои се интересираат за оваа уметност, оваа страница е одлична за информирање и „плакнење очи“.
