Македонска поезија: „Ноќ без интерпункција“ од Гане Тодоровски!

Секој ден е прекрасен ден за читање македонска поезија. Денес го красиме блогот со убави македонски стихови. Изборот падна на оваа прекрасна песна од Гане Тодоровски.

Ноќ без интерпункција – Гане Тодоровски

Кон брегот бродиме
Ние, –
осамените патувачи…
Разнишана умората боли!
Бараме начин
повторно да се родиме
повторно
в зорите голи.

А мислите разголени
треперат;
врз кожата на ноќта
немир гребе.
Со кајчето на надежта
се носиме.
ЗОРО
кон тебе,
поникната над клепките
натежнати.

И никој нема сила,
трошка од силата барем
запирка само да стави!

А точките ги мразиме.

4c987f9de79a44ec7c1dd98795d8a620_pin-by-maramonie-on-night-sky-photography-_720-517

Leave a comment