Черчил: Што да правам со сите мои книги?

Винстон Черчил е еден од најпознатите државници и политичари во светската историја. Тој е еден од најцитираните политичари, чија остроумност често била помешана со здрава доза на хумор. Ангедотите со него се исто така едни од најсподелуваните.

Но, она што не го знаат многумина е фактот дека тој ја има добиено Нобеловата награда за книжевност во 1953 година, „за неговите маестрални историски и биграфски описи, како и за брилијантното ораторство при бранењето на возвишените човечки вредности.“ Тој има напишано многу книги, најмногу мемоари и историски биографии/книги.

merlin_30786241_2530e94a-8a7f-49e9-bfec-9853946dd412-superjumbo

Во книгата „Черчил: Моќта на зборовите“, збирка од извадоци од есеи/говори/записи на Черчил, има еден извадок „Што да правам со сите мои книги?“ кој навистина ми остави впечаток и кој верувам дека ќе им се допадне на сите љубители на книги кои сосема ќе се препознаат во овие зборови или ќе ги почувствуваат како блиски и познати. Во продолжение прочитајте го извадокот:

„Што да правам со сите мои книги?“

„Што да правам со сите мои книги“, беше прашањето, а одговорот: „Читај ги“, го отрезни прашувачот. Но, ако не можеш да ги читаш, во секој случај однесувај се добро со нив и грижи се за нив. Гледај во нив. Остави ги отворени кога ќе се отворат. Почни да читаш од првата реченица на која ќе ти падне погледот. Потоа, сврти се кон друга. Направи истражувачко патешествие, прифаќајќи ги звуците од неоткриените мориња. Постави ги на твоите полици со сопствени раце. Распореди ги според свој план, така што ако не знаеш што има во нив, барем да знаеш каде се. Ако тие не можат да ти бидат пријатели, остави во секој случај да ти бидат познајници. Ако не можат да влезат во кругот на твојот живот, тогаш барем не им го негирај правото да бидат блиску до тебе.

Не е грешка да се читаат премногу книги кога си сосема млад. Еден човек еднаш ми кажа дека тој ги читал сите книги што ги имал. По вкрстено испрашување на тој човек, се покажа дека тој прочитал многу книги, но се чини дека тие му направиле само мал впечаток. Колку многу разбрал од нив? Колку од нив влегле во неговата ментална конституција? Колку многу било складирано во одделите на неговиот ум и потоа внесено во арсеналот на светкавото оружје подготвено за употреба?

Избирајте добро, избирајте мудро и изберете нешто. Концентрирајте се на тоа нешто. Не бидете самозадоволни додека не забележите дека читате со вистинско задоволство.

~ Винстон Черчил, „Черчил: Моќта на зборовите“ (уредено од Мартин Гилберт) 

Leave a comment