Петар Андоновски ја доби Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“!

Македонскиот писател Петар Андоновски е еден од 13-темина лауреати на Наградата за литература на Европската Унија! Тој ја доби оваа награда за неговиот роман „Страв од варвари“ кој е во издание на „Или-Или“.

petar-andonovski-1

Ова е навистина голем за успех за македонската книжевност, имајќи предвид дека за оваа награда се бореа 47 автори до 13 земји. Ова е доказ дека иако македонската книжевна сцена не е голема, сепак можеме да се пофалиме со прекрасни писатели и писателки кои творат и создаваат прекрасни дела кои во иднината ќе се сметаат за класици.

Оваа престижна награда е само уште една низа награди и потврди за неверојатниот талент на Петар Андоновски. Тој во 2016 година ја доби наградата „Роман на годината“ за неговиот роман „Телото во кое треба да се живее“. (Во издание на „Или-Или“)

20200519-evropskata-nagrada-za-literatura-za-strav-od-varvari-na-petar-andonovski-m

Досегашни  македонски добитници на наградата за литература на ЕУ се Гоце Смилевски за делото „Сестрата на Зигмунд Фројд“ (2010) , Лидија Димковска за „Резервен живот“ (2013) и Ненад Јолдески за „Секој со своето езеро“ (2016).

Иако сѐ уште не сум стигнала да ја прочитам книгата, навистина многу се радувам за успехот на Петар и се надевам дека набрзо ќе имам можност да ја прочитам и да ги споделам моите импресии на блогот.

Кафе и книги му честита на Петар и од срце се надевам дека ќе продолжи да твори и да нижи успеси!

Leave a comment